Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Хамас барале помош од Босанците?
Регион

Хамас барале помош од Босанците?

18/10/2023

AA

Групата Хамас бара поддршка и од Босна и Херцеговина (БиХ). Првиот човек на радикалната исламистичка организација Хамас, одговорен за нападот врз Израел кој почна на 7 октомври, побарал поддршка од властите на БиХ во специјално писмо што го испратил на адреса на министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ, пишуваат денеска локалните медиуми.

Порталот istraga.ba објави копија од писмото потпишано и испратено на адреса на Конаковиќ на 11 месецов. Писмото го пратил Исмаил Ханија, политичкиот лидер на Хамас. Копијата изгледа автентично, а писмото е на хартија која ги содржи официјалните обележја на таа организација, пренесува Н1.

Министерството за надворешни работи на БиХ не го коментираше ова писмо, но партијата Народ и Правда (НиП), предводена од Конаковиќ, во четвртокот зборуваше за конфликтите на Блискиот Исток со соопштение во кое го осудува секое насилство, особено насилството врз цивилите.

Откако Хамас почна да врши напади врз Израел, имаше повици муслиманските земји да се обединат и да им помогнат на Палестинците. Во Израел има воени дејствија, а низ Европа имаше терористички напади, и тоа напад имаше во Франција, каде лице од руската република Ингушетија уби професор во средно училиште, потоа Тунижанец изврши напад во Брисел, а во Милано во Италија беше спречен напад. Во Франција имаше евакуација на аеродроми, но и на познати туристички знаменитости во Париз. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Првиот лет од Вроцлав слета во Охрид, наскоро стартува и

07/06/2026
Македонија

Секој ќе може да провери дали фирмата има лиценца: се

07/06/2026
Македонија

Андоновски ќе ја презентира иницијативата „Роаминг како дома“

07/06/2026
Македонија

Билети од 300 евра за концерт: Кој ги диктира цените

07/06/2026
Македонија

„Живееме како заложници во сопствените домови“, велат жителите на Капиштец

06/06/2026
Македонија

Луѓето со попреченост бараат пристапни тротоари и патеки

06/06/2026
Македонија

Здравствената состојба бара да мирува, рече премиерот Мицкоски за градоначалникот

06/06/2026
Македонија

Љутков најавува инспектори за македонски јазик во секоја институција, почнува

06/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43636
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Првиот лет од Вроцлав слета во Охрид, наскоро стартува и линијата од Катовице

07/06/2026

Со слетувањето на првиот авион од полскиот град Вроцлав на охридскиот аеродром денеска официјално беше воспоставена нова авиолинија меѓу Охрид

Секој ќе може да провери дали фирмата има лиценца: се воведува систем на СМАРТ лиценци

07/06/2026

Министерството за дигитална трансформација го претстави системот на СМАРТ лиценци, со кој целосно се дигитализира издавањето и контролата на државните

Андоновски ќе ја презентира иницијативата „Роаминг како дома“

07/06/2026

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска ќе одржи брифинг за медиумите, на кој ќе го претстави системот за издавање

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy