Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Груевски: Властите мора жестоко да реагираат, системот е уништен
Македонија

Груевски: Властите мора жестоко да реагираат, системот е уништен

16/03/2025

AA

Екс премиерот и бегалец Никола Груевски се огласи на својот „Фејсбук“ профил по повод трагедијата во Кочани.

Тој напиша дека сега реакција од властите мора да биде жестока, и дека мора веднаш да биде спроведена истрага, за да се откријат низа пропусти во системот.

„Не постојат зборови на утеха кои можат да ја ублажат болката на семејствата и блиските на загинатите во една од најголемите трагедии што се случиле во Македонија во нејзината современа историја, а веројатно една од најголемите трагедии по бројот на загинати во еден ден воопшто било кога во Македонија.

Загубата на сопствено младо дете, брат или сестра, внук или внука, е огромна и ненадоместлива загуба. Го изразувам моето сочувство со семејствата и блиските на загинатите во трагедијата во дискотеката во Кочани.

Сега претстои голема битка за повредените, кои се во огромен број. Болниците во Скопје се преполни со повредени и нивните капацитети во секоја смисла се лимитирани.

Јасно е дека низ Европа има медицински центри кои се многу понапредни во експертиза, стручност, искуство, опрема и севкупен третман на тешко повредени, одколку во Македонија и Балканот.

Со целата благодарност и почит кон оние држави кои самите понуделе помош, за најкомплицираните случаи добро е да се обезбедат безбеден транспорт во најдобрите медицински центри, независно дали нивните политичари се понудиле или не.

Дали хеликоптерот со медицинска опрема и персонал ќе пристигне за еден или два часа во некој медицински центар низ Европа, не во секоја ситуација е клучно, знаејќи дека особено во случаи на изгореници, често се случува да настапи смрт после 2, 5 или повеќе денови, не само заради инфекции, туку и проблеми со белите дробови и горниот респираторен систем.

Верувам дека паралелно ќе се одвива и процесот на одговорност.

Низа пропусти во системот се веќе обелоденети, а веројатно истрагата ќе открие и други. Без одговорност и без превземање мерки со кои ист или сличен настан нема да се повтори, ќе носи во лоша насока.

Неодговорниот однос кон работата и граѓаните кој со години се демонстрираше особено од страна на високите преставници на претходната власт, низ годините метастазираше и продре надолу и длабоко во системот до секое микро ниво, во секоја пора на општеството, исто како и корупцијата и криминалот.

Така, општиот степен на одговорност во Македонија е многу девастиран, што е предуслов за вакви трагедии и многу други трагедии.

Кога степенот на одговорност од највисоките државни нивоа, ќе се спушти на ниво на поединечни локални инспектори, референти, инжињери, надзори, лекари, учители, одговорни лица за некаква контрола, одговорни за давање или одземање некакви дозволи, решенија, одлуки и слично, тогаш тоа е состојба на девастирана држава.

Кога во свеста на најниските по хиерархија во системот на државата ќе стане нормално да нема последици и сериозна одговорност и тоа да стане нормално, како во случајот со ковид болницата во Тетово пред неколку години, изградена и опремена од фабрика во сопственост на потпретседателот на тогаш актуелната влада, во тендерска постпка со видливо фаворизирање, и уште при тоа никој да не сноси никаква одговорност за тоа, тогаш тоа е многу сериозен дефект на системот.

Кога говорам за одговорност, не мислам само на одговорност одкако ќе се случи несреќата, туку пред се на личното чувство на одговорност на секој поединец во системот, во насока да постапува на таков начин одговорно извршувајќи ја својата работа, перфектно добро, независно дали станува збор за изведба, надзор, контрола, проценка, навремено предупредување и известување, носење целосно по закон и етички стандарди одлуки и решенија без попуштања или привилегии за некого, или било што, за да не дозволи да дојде до ваква или слична несреќа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНИЈА СÈ ПОПРИВЛЕЧНА ЗА СТРАНЦИТЕ Турците најбројни, Германците и Србите

27/09/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ СО НОВА ПОРAКА ДО ФИЛИПЧЕ Престанете да обвинувате други

27/09/2026
Македонија

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ЈА ПРОПУШТИЛА ШАНСАТА ЗА ДОБАР ПРВ ВПЕЧАТОК Мицкоски

26/09/2026
Македонија

СОФИЈА НЕ САКА БРИСЕЛ ДА СЕ ВКЛУЧИ ЗА ДА НЕ

26/09/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР НА ОТПАД ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ТЕТОВО На граѓаните

26/09/2026
Македонија

СВЕТЛАНА МОЈСОВ ОДЛИКУВАНА СО ОРДЕН „8 СЕПТЕМВРИ“ Македонија се гордее

26/09/2026
Македонија

ПРВО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, ПА ОТВОРЕНИ ЛИСТИ Платформата 12.05 нуди

26/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ Е ФРАКЦИЈА ВО СДСМ И МОРА ДА ЈА ОСЛОБОДИ

26/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45828
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНИЈА СÈ ПОПРИВЛЕЧНА ЗА СТРАНЦИТЕ Турците најбројни, Германците и Србите веднаш зад нив

27/09/2026

Македонија во првите седум месеци од годинава ја посетиле 741.446 туристи, што е за 1,5 отсто повеќе во споредба со

ВМРО-ДПМНЕ СО НОВА ПОРAКА ДО ФИЛИПЧЕ Престанете да обвинувате други за состојбата во СДСМ

27/09/2026

ВМРО-ДПМНЕ со остри критики до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека не може одговорноста за состојбата во СДСМ

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ЈА ПРОПУШТИЛА ШАНСАТА ЗА ДОБАР ПРВ ВПЕЧАТОК Мицкоски не сака да се меша

26/09/2026

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ ја пропуштила можноста да остави позитивен прв впечаток, бидејќи ги потценува граѓаните, со тоа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy