Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Груби: Со или без законските измени автопатите ќе се градат, наш интерес е да се гради побрзо и поевтино
Македонија

Груби: Со или без законските измени автопатите ќе се градат, наш интерес е да се гради побрзо и поевтино

12/04/2023

AA

Со или без законските измени на осумте закони што се во собраниска процедура, автопатите на коридорите 8 и 10д ќе се градат, а наш интерес е да се гради побрзо и поевтино, порача денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, кој воедно е и координатор за изградба на овие автопатски делници.

Доколку работната недела на работниците што ќе работат на нивната изведба биде 60 часа неделно, како што бара изведувачот „Бехтел и Енка“, додаде Груби, проектот ќе се реализира за 4,7 години и ќе чини поевтино, а доколку е 40 часа неделно ќе трае над 6 години и ќе чини поскапо. Не се работи, како што истакна Груби, за плаќање пенали доколку работното време не биде 60 часа, туку за побавна реализација на проектот.


Според него, секаде каде што работеле „Бехтел и Енка“ работната недела била 60 часа, а работниците потпишувале пишана согласност да работат толку време и им бил платен секој работен час.

– Наш интерес како држава е овие автопати да чинат помалку и да се реализираат побрзо. Токму од носењето на осумте закони зависи дали ќе се градат побрзо и поевтино или подолго и поскапо. Со нивното носење ќе се овозможи да се забрза експропријацијата и да се гради многу побрзо и поевтино, рече Груби на денешната средба со новинарите.


Тој прецизира дека договорот со изведувачот „Бехтел и Енка“ е класифициран на барање на конзорциумот и затоа не смеат да се објавуваат деталите. На истиот начин работеле и при изградбата на автопатите во регионот поточно во Хрватска, Србија, Косово и Албанија. Кај нас, како што рече Груби, договорот со „Бехтел и Енка“ веќе го има и Јавното обвинителство, кое отвори постапка по допрен глас за проектот за изградба на коридорите 8 и 10 д.

Според министерот за економија Крешник Бектеши, договорот е класифициран бидејќи е деловна тајна начинот на работа на конзорциумот, кој котира на берзите и со евентуално објавување на делови од договорот може да се влијае на неговото котирање на берзата. Тој додаде дека такви договори земјава имала потпишано и за речиси сите инвестиции во ТИРЗ.


Директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми посочи дека слични договори кои не се јавни имаат и со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и оти изборот на изведувачите се прави врз основа на критериумите на ЕБОР.

Пресметката дека проектот ќе чини 1,3 милијарди евра е направена врз основа на предложената траса од „Бехтел и Енка“ на која се предвидува да се градат автопатите за која е направена физибилити студија од „Грант Тортон“, која покажува дека 55 проценти од земјиштето на трасата е во приватна сопственост, а 45 во државна. Согласно тоа и просечната цена, е проценето колку пари ќе требаат за експропријација.

Изведувачот „Бехтел и Енка“ ќе изготвува проекти на дел по дел од автопатите, а паралелно ќе се врши и експропријација на земјиштето. Секој посебен проект мора да го одобрат ЈП за државни патишта и Министерството за транспорт и врски. Проектот ќе се одобрува откако ќе заврши експропријацијата.

Доколку се донесат законските решенија „Бехтел и Енка“ предвидуваат да градат по 23 километри автопат годишно, а кај нас досега се граделе по 5,8 километри автопат годишно. За изведувачот се предвидени дополнителни плаќања, доколку не го запази рокот на градба. На коридорот 8 прво ќе стартува изградбата на автопатот Тетово – Гостивар, а потоа на Гостивар – Букојчани и делот од автопатот Кичево – Охрид, што ќе води кон новиот граничен премин со Албанија кај Радолишта, наместо до Ќафасан каде што е сега.

Како што истакна вицепремиерот Груби, манифестацијата со која беше означен почетокот на реализација на проектот за изградба на коридорите 8 и 10 д на наплатната рампа на автопатот Тетово-Гостивар, ја платил изведувачот на проектот. За 22 април тој го најави официјалниот почеток на изградба на коридорот 8, а за 12 мај на коридорот 10д.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЕТАПНО ЌЕ СЕ ПОКАЧАТ ПЛАТИТЕ НА ОБВИНИТЕЛИТЕ ДО 40% Јавниот

12/11/2026
Македонија

ПЕТ ЗГРАДИ ОСТАНАА БЕЗ СТРУЈА ПОРАДИ ДЕФЕКТ НА ПОДЗЕМЕН КАБЕЛ

12/11/2026
Македонија

1.026 МАГИСТРИ И 39 ДОКТОРИ НА НАУКИ СЕ ВОДАТ КАКО

12/11/2026
Македонија

НЕ Е ДО БУЏЕТОТ, ЛОШИТЕ РЕЗУЛТАТИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО СЕ ОД

11/11/2026
Македонија

ИСЛАМСКИОТ МЛАДИНСКИ ФОРУМ ЈА ОСПОРУВА ОДЛУКАТА НА ЕГИПЕТ ДЕКА СЕ

11/11/2026
Македонија

ЌЕ ДУВА ТОПОЛ ЈУЖЕН ВЕТЕР, СО БРЗИНА НАД 80 КИЛОМЕТРИ

11/11/2026
Македонија

СДСМ ТОЧНО ЗНАЕЛ КОЈ Е МАЦУРА, СЕ ПОКАЖА НЕГОВОТО ЛИЦЕМЕРИЕ

11/11/2026
Македонија

ПАРИТЕ НА КЛИЕНТИТЕ НА АЛТА БАНКА ИМ СЕ НА СМЕТКИТЕ

11/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46739
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЕТАПНО ЌЕ СЕ ПОКАЧАТ ПЛАТИТЕ НА ОБВИНИТЕЛИТЕ ДО 40% Јавниот обвинител Савески вели дека тоа

12/11/2026

Платите на вработените во обвинителството би можеле да се зголемат до 40 проценти, но покачувањето ќе се реализира етапно, најави

ПЕТ ЗГРАДИ ОСТАНАА БЕЗ СТРУЈА ПОРАДИ ДЕФЕКТ НА ПОДЗЕМЕН КАБЕЛ Скеле го попречило пристапот до

12/11/2026

Пет станбени згради на улицата Индустриска 1 во Скопје повеќе од 19 часа беа без електрична енергија поради дефект на

1.026 МАГИСТРИ И 39 ДОКТОРИ НА НАУКИ СЕ ВОДАТ КАКО НЕВРАБОТЕНИ Вкупната стапка на невработеност

12/11/2026

Вкупно 1.026 магистри и 39 доктори на науки се евидентирани како невработени во Македонија, според податоците на Агенцијата за вработување,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy