Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Германска компанија ја тужи Албанија поради контроверзниот проект за пристаништето Драч
Регион

Германска компанија ја тужи Албанија поради контроверзниот проект за пристаништето Драч

12/04/2023

AA

Германската компанија EMS Shipping and Trading поднесе тужба против Албанија до Арбитражниот суд на ICSID во Вашингтон поради концесијата за управување со терминалот во пристаништето Драч, која беше одредена за неколку милијарди евра.

Од 2013 година, компанијата има право да управува со Источниот терминал на пристаништето за утовар и истовар на бродови. Но, сегашните планови за развој на пристаништето значат дека компанијата треба да се пресели во ново пристаниште, кое ќе се гради во Порто Романо.

Но, бидејќи новото пристаниште се уште не е изградено, од германската компанија велат дека продолжувањето на бизнисот е неизвесно, пренесува Еурактив.

Компанијата ја поднесе тужбата на 7 април, откако претходно испрати жалба до албанската влада, германската дипломатска мисија во Албанија и до делегацијата на ЕУ.

Пресудата може да ја чини албанската држава десетици милиони.

Како што се наведува, бидејќи до истекот на 35-годишниот договор останаа уште 25 години, се одржа арбитража.

Врз основа на заработката на компанијата во 2021 година од вкупно 1,3 милиони евра, пресудата во нивна корист може да ја чини албанската држава десетици милиони.

Албанија изгуби неколку арбитражни случаи од висок профил во последниве години, како што е тужбата од 110 милиони евра против италијанскиот бизнисмен Франческо Бекети, кој имал интереси во отпад, хидроенергија, медиуми и фудбал, како и пресудата од 44 милиони долари против компанијата за изградба на патишта Актор поради одложувањата во завршување на проектот.

Проектот планиран за пристаништето Драч е сам по себе контроверзен, пишуваат медиумите додавајќи дека групацијата Емаар со седиште во Дубаи планира да ја развие оваа област во текот на пет години по цена од два милиони евра, а овие планови вклучуваат претворање на областа во луксузна марина за јахти со врвни продавници и апартмани.

Поради страв од недостиг на транспарентност и конкуренција, во ноември 2022 година, ЕУ го откажа грантот од 28 милиони евра како дел од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан, кој требаше да се искористи за западниот терминал на пристаништето.

Фото: Принтскрин/Твитер

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЕТАПНО ЌЕ СЕ ПОКАЧАТ ПЛАТИТЕ НА ОБВИНИТЕЛИТЕ ДО 40% Јавниот

12/11/2026
Македонија

ПЕТ ЗГРАДИ ОСТАНАА БЕЗ СТРУЈА ПОРАДИ ДЕФЕКТ НА ПОДЗЕМЕН КАБЕЛ

12/11/2026
Македонија

1.026 МАГИСТРИ И 39 ДОКТОРИ НА НАУКИ СЕ ВОДАТ КАКО

12/11/2026
Македонија

НЕ Е ДО БУЏЕТОТ, ЛОШИТЕ РЕЗУЛТАТИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО СЕ ОД

11/11/2026
Македонија

ИСЛАМСКИОТ МЛАДИНСКИ ФОРУМ ЈА ОСПОРУВА ОДЛУКАТА НА ЕГИПЕТ ДЕКА СЕ

11/11/2026
Македонија

ЌЕ ДУВА ТОПОЛ ЈУЖЕН ВЕТЕР, СО БРЗИНА НАД 80 КИЛОМЕТРИ

11/11/2026
Македонија

СДСМ ТОЧНО ЗНАЕЛ КОЈ Е МАЦУРА, СЕ ПОКАЖА НЕГОВОТО ЛИЦЕМЕРИЕ

11/11/2026
Македонија

ПАРИТЕ НА КЛИЕНТИТЕ НА АЛТА БАНКА ИМ СЕ НА СМЕТКИТЕ

11/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46739
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЕТАПНО ЌЕ СЕ ПОКАЧАТ ПЛАТИТЕ НА ОБВИНИТЕЛИТЕ ДО 40% Јавниот обвинител Савески вели дека тоа

12/11/2026

Платите на вработените во обвинителството би можеле да се зголемат до 40 проценти, но покачувањето ќе се реализира етапно, најави

ПЕТ ЗГРАДИ ОСТАНАА БЕЗ СТРУЈА ПОРАДИ ДЕФЕКТ НА ПОДЗЕМЕН КАБЕЛ Скеле го попречило пристапот до

12/11/2026

Пет станбени згради на улицата Индустриска 1 во Скопје повеќе од 19 часа беа без електрична енергија поради дефект на

1.026 МАГИСТРИ И 39 ДОКТОРИ НА НАУКИ СЕ ВОДАТ КАКО НЕВРАБОТЕНИ Вкупната стапка на невработеност

12/11/2026

Вкупно 1.026 магистри и 39 доктори на науки се евидентирани како невработени во Македонија, според податоците на Агенцијата за вработување,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy