Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Груби: Македонците се плаќат од Албанците, Грците и Бугарите – но ќе има премиер Албанец!
Македонија

Груби: Македонците се плаќат од Албанците, Грците и Бугарите – но ќе има премиер Албанец!

15/03/2023

AA

Вицепремиерот Артан Груби вечерва во интервју за косовската телевизија „Дукаѓини“ изјави дека земјава ќе има премиер-Албанец и дека тоа било договорено меѓу поранешниот премиер Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Дека на чело на Владата ќе застане Албанец, и тоа „за неколку месеци“, вчера најави и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на обраќање на партиски собир во Чаир.

„Во 2020 година смисливме модерна кампања, која одекна во Приштина и во Тирана, и велеше дека е дојдено времето за првиот премиер-Албанец, а ова исто така е и проект на Али Ахмети, да се скршат табуата. Дојде времето да се надминат предрасудите со избор на премиер-Албанец. Одлуката на народот беше: Социјалдемократскиот сојуз освои 46 пратенички места, ДУИ 15, а заедно имавме 61 пратеник“, рече Груби за косовската телевизија.

На делови од интервјуто на Груби, во кои тој вели дека етничките Македонци се плашат од Бугарите, од Грците, Албанците и така натаму, вечерва реагираше младиот правник и граѓански активист од Скопје, Умејр Муамеди, кој го критикува Груби за искажаните ставови.

„Го следам Артан Груби на косовската телевизија РТВ „Дукаѓини“ како им објаснува на Косоварите дека Македонците (како етникум) имаат страв од Бугарите, од Грците, од Албанците итн. од можни територијални поделби и генерално ги претставува Македонците како фобична нација. Триумфалистички го кажува тоа дека клучните позиции им се земени на Македонците, но не и калта и лошата инфраструктура по албанските населени места, дека нему шеф му е Али Ахмети, а не Димитар Ковачевски. Груби кажа и многу други шовинистички муабети (нешта што не одат ниту во прилог на Албанците, ниту во прилог на Македонците, а на штета на сите)“, коментира Муамеди.

Тој во објава на Фејсбук напиша и дека Груби за Македонците зборува како да му се непријатели, а не сограѓани. Муамеди вели дека премиерот Димитар Ковачевски по ваквиот настап на неговиот заменик – треба да поднесе оставка.

„Во вакви моменти премиерот треба да излезе и да даде оставка, бидејќи кога твојот заменик така се претставува, треба да му биде срам, а не привилегија дека е премиер. Македонија и официјално нема премиер односно има „британска Кралица“, а де факто премиер е Артан Груби“, коментира Муамеди.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026
Македонија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026
Македонија

Утре и задутре прскање против комарци од воздух во Скопје

29/07/2026
Македонија

Мери Дика Георгиевска избрана за нов уставен судија

29/07/2026
Македонија

Мицкоски: Обвинителството веднаш да влезе во ИЈЗ и АХВ, имало

29/07/2026
Македонија

Нови три случаи на западнонилска треска во Македонија, двајца пациенти

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44750
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026

Љубителите на астрономијата и ноќната фотографија синоќа имаа прилика да уживаат во прекрасна глетка на небото, каде што полната Месечина

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани на средба со Лукровски

29/07/2026

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, во рамки на активностите насочени кон унапредување на директната и непосредна комуникација со

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026

Денеска (29.07.2026), во периодот од 07.00 до 12.00 часот, спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy