Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГРЕЕЊЕТО ПОЧНА, РАДИЈАТОРИТЕ ЛАДНИ – Граѓани се жалат дека и по петтиот ден од стартот на сезоната немаат затоплување
Економија

ГРЕЕЊЕТО ПОЧНА, РАДИЈАТОРИТЕ ЛАДНИ – Граѓани се жалат дека и по петтиот ден од стартот на сезоната немаат затоплување

20/10/2023

AA

Иако грејната сезона
почна до нашата редакција пристигнаа повеќе поплаки дека радијаторите на дел од
корисниците и понатаму се ладни. Граѓаните се жалат на неажурност и потенцираат
дека за реакција од надлежните биле приморни да пријавуваат неколку пати, и тоа
повеќе жители од една зграда.

– 
Бидејќи
од првиот ден кога беше најавено пуштањето на парното немавме греење, веднаш во
понеделникот почнав да пријавувам. Тек после два дена, откако пријавуваа и
другите соседи и компанијата за одржување на зградата пристигна екипа која утврди
дека е прегорена пумпата и ни беше кажано дека ќе биде променета, но без да прецизираат
кога. Следниот ден пристигна нова екипа која го санираше проблемот. Факт е дека
за неколку дена се реши состојбата, но проблем е што сите мора да пријавуваме
за да сфатат дека немаме парно и треба побрзо да се реагира – вели еден жител
на општина Аеродром. Дополни дека секоја година греењето во нивната зграда доцни,
во целиот објект, кој брои над 40 станови, и оти секоја година бараат екипа да
дојде да провери каде е проблемот, па се случувало и цела недела од почетокот
на грејната сезона да немаат греење.

Вообичаено е на
почеток на грејната сезона да се појават проблеми кај некои корисници на парно.
Сличен случај до нашата редакција пристигна од уште едни жители на Аеродром,
каде се случило дел од корисниците да немаат парно, а дел да имаат.

– 
Иако
пола зграда има греење, дел од нас немаа. Тек после третиот ден добивме парно,
а проблемот го пријавуваше сопругот неколку пати во ЕСМ, но да се добие кај нив
за пријавување дефект беше на моменти вистинска лотарија – вели оваа жителка на
Скопје.

Од ЕСМ Снабдување
со топлина за Фактор посочуваат дека почетокот на грејната сезона секогаш се
карактеризира со пропратни дефекти кои се случуваат и компанијата посветува
посебно внимание за решавање на истите.

– 
Екипите
се на терен и делуваат согласно пријавувањето на граѓаните и приоритетот на
проблемот. Се случуваат дефекти во три сегменти: дефекти на дистрибутивната топлификациона
мрежа, дефекти во топлинските станици и дефекти на внатрешната инсталација на
објектите (дефекти за чие решавање се одговорни потрошувачите согласно законот
за домување). Дефектите на дистрибутивната топлификациона мрежа можат да бидат
од мал и голем обем и за нивно лоцирање и санирање нашите екипи веднаш излегуваат
на терен, се вклучуваат сите расположиви капацитети, работна сила и
механизација со цел нивно брзо отстранување – посочуваат од ЕСМ Снабдување со
топлина.

Од компанијата
потенцираат дека поразличен тип на дефекти се дефектите на пумпите и опремата
во топлинските станици, коишто се наоѓаат во објектите. Напоменуваат дека за
отстранување на дефект во топлинските станици, особено важно е нашите екипи да
имаат пристап во објектите и до топлинските станици, а пристапот е потребно да
го обезбеди Управителот или Заедницата на Сопственици.

– 
Проблемите
со дефекти во потстаниците и мрежата можат да бидат доста комплексни, и за
нивно решавање е важно да се следат сите потребни процедури и стандарди за
безбедност. Трет тип на дефекти се дефектите на внатрешната инсталација во објектите.
Секој потрошувач може да пријави дефекти и рекламации за квалитет на греење
во Центарот за грижа на потрошувачи. Приоритет на постапување имаат
пријавите на истекување на вода од внатрешната грејна инсталација заради фактот
што можат да предизвикуваат поголема материјална штета во домовите –
појаснуваат од ЕСМ Снабдување со топлина.

Од компанијата
додаваат дека останатите рекламации се спроведуваат по редослед прв јавен, прв услужен.
Појаснуваат дека нивните екипи проверуваат дали станува збор за проблем во топлинската
станица и соодветно интервенираат или детектираат проблем во внатрешната грејна
инсталација и ги информираат потрошувачите што понатаму да преземат.

– 
Согласно
Законот за домување одржувањето на внатрешната грејна инсталација е
одговорност  на потрошувачите. Потрошувачите се грижат за
функционалноста и исправноста на внатрешната грејна инсталација со ангажирање
на компании или стручни лица кои се занимаваат со одржување на системи за
греење. Соработката од страна на потрошувачите и заедниците на сопственици е во
интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на
топлинската енергија, а објектите ќе добиваат топлина од системот откако
потрошувачите ќе го отклонат дефектот – потенцираат од компанијата.

Дополнуваат дека
со цел граѓаните навреме да добијат греење во домовите се постојаните апели до Потрошувачите,
Заедниците на сопственици и Управителите да ги обезбедат потребните услови за
непречена испорака на топлинска енергија во објектите по почетокот на
грејната сезона, односно да ги ортстранат дефектите во внатрешна инсталација,
да овозможат пристап на екипите на компанијата до топлинските станици и да
обезбедат електрична енергија во топлинските станици (платени сметки за
електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична
инсталација).

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во

10/08/2026
Македонија

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две

10/08/2026
Македонија

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026
Македонија

МВР: Селекцијата за полициското училиште е во тек, сите кандидати

10/08/2026
Македонија

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската

10/08/2026
Македонија

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026
Македонија

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по

10/08/2026
Македонија

Ѝ го украле ранецот на 67 годишна пензионерка во Центар,

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44951
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во здравствена установа, и им се

10/08/2026

На 09.08.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 16:50 часот во здравствена установа на подрачјето на

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две недели

10/08/2026

Во следните две недели не очекува претежно сончево и исклучително топло време, со високи дневни температури кои на моменти ќе

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026

До редакцијата на 4NEWS.MK се обрати читател од Драчево, кој алармира за сериозен проблем со натрупување отпад на паркинг-просторот спроти

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy