Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГРЦИЈА И ТУРЦИЈА ОМИЛЕНИ ДЕСТИНАЦИИ – Цените се зголемени ама граѓаните масовно резервираат, еве каде има најголеми разлики
Економија

ГРЦИЈА И ТУРЦИЈА ОМИЛЕНИ ДЕСТИНАЦИИ – Цените се зголемени ама граѓаните масовно резервираат, еве каде има најголеми разлики

14/07/2023

AA

Летните одмори се
во полн ек. Граѓаните веќе започнаа масовно да патуваат, за што потврда се и
гужвите на граничните премини, особено на границата кон соседна Грција. Со
оглед дека шпицот на сезоната допрва се очекува, гужви на границите, но и на
аеродромите ќе има и во следниов период.

За нашите
сограѓани, водејќи се според резервациите во домашните туристички агенции,
омилена дестинација останува и понатаму Грција. Сепак, туризмолозите посочуваат
оти граѓаните исто така голем интерес имаат и за Турција и Египет, за каде се
хит чартер програмите, за кои имаат голем број резеравации.

– 
Се
зависи од можностите и желбите на граѓаните. Со оглед дека навлегуваме во
високата сезона, секојдневно се бараат понуди за повеќе локации. Вообичаено
меѓу најбараните дестинации останува Грција, а исто така голем е и интересот и
за Турција, Хургада и Тунис. За некои дестинации има поголем интерес, секако се
зависи од муштериите, има понуда за сите. Меѓу популарните дестинации во нашата
понуда е и островот Евиа, каде се патува со автомобил или со организиран превоз,
но има голем интерес и резеравации и за чартерите кон Турција, особено
Анталија, како и дестинациите кон Египет. Покрај нив, меѓу бараните дестинации
се и Хрватска, Црна Гора и Албанија, но за нијанса помалку отколку претходните
дестинации – укажува Стефан Пешевски, менаџер за продажба во туристичката агенција
„Савана“.

Нашиот соговорник
потенцира дека граѓаните пред се одбираат дестинации кои се поблиску и
финансиски подостапни, и додава дека има интерес и за подалечните дестинации,
но поради високите цени тие се најчесто во индивидувална режија.

– 
Имаме
клиенти кои сакаат и патуваат и за подалечните дестинации како што е Малдиви,
но за нив има многу помал интерес. Секако цената има голем уддел, бидејќи грубо
земено патувањаето во Малдиви чини 4.000 евра, додека чартер лет за Анталија да
речеме дека ќе достигне околу 1.200 евра, секако се зависи од деталите. Ваквата
разлика во цените, прави да има и големи разлики во интересот и резеравациите
за одредени дестинации – посочува Пешевски и дополнува дека и за поблиските
дестинации има и поскапи и поевтини понуди и апартмани, зависно од локациите и
местоположбата.

Во изминатиов
период масовно се пишува за растот на цените во туристичките дестинации, а дека
има зголемување на цените на апартманите и на хотелското сместување во
дестинациите кои ги посетуваат нашите граѓани потврдува и нашиот соговорник.

Пешевски
појаснува дека раст има кај цените на хотелите и приватното сместување, и додава
дека истото се должи на инфлацијата која го зафати целиот свет, нагласувајќи
дека поскапувањето повеќе се чуствува во Хрватска и Црна Гора, отколку кај
останатите дестинации, и дека тоа е поизразено кај хотелското сместување.

П. О.  

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Израел: Со 98% преброени гласови, блокот на Нетанјаху води со

29/10/2026
Македонија

МАГЛА НАУТРО, ОБЛАЦИ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Температурите ќе достигнат

28/10/2026
Македонија

M.Uslugi на албански, но не и дигиталната лична карта? Што

28/10/2026
Македонија

РЕЧИСИ 580.000 ЕВРА ОД ГЕРМАНИЈА ИМ ЛЕГНАЛЕ НА СМЕТКА И

28/10/2026
Македонија

ПЛАТИТЕ И ПЕНЗИИТЕ РАСТАТ, НО ДОЛГОВИТЕ ГО ЈАДАТ БУЏЕТОТ Стојаноски

28/10/2026
Македонија

ВО ЖИВО: Избори во Израел – преброени се 93% од

28/10/2026
Македонија

ПЕТАР БОГОЈЕСКИ ЌЕ ЛОВЕЛ „ЧЕТНИЦИ“ И ЌЕ ГО МИНИРАЛ СПОМЕНИКОТ

28/10/2026
Македонија

ИСКРА ХАЏИ ВАСИЛЕВА ЈА ДОБИ ДОВЕРБАТА НА ОБВИНИТЕЛИТЕ Освоила 67

28/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46420
  • Регион 3999
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Израел: Со 98% преброени гласови, блокот на Нетанјаху води со 53 пратенички места, но нема

29/10/2026

Според резултатите прикажани на графиконот, со 98% преброени гласови, блокот на Бенјамин Нетанјаху има 53 пратенички места, додека блокот на

МАГЛА НАУТРО, ОБЛАЦИ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Температурите ќе достигнат до 19 степени

28/10/2026

Променливо облачно време со кратки сончеви периоди, утринска магла во одделни котлини и северозападен ветер нè очекува во четврток, информираат

M.Uslugi на албански, но не и дигиталната лична карта? Што се случува со јазиците во

28/10/2026

Новата државна апликација m.Uslugi е достапна и на албански јазик, но дигиталната лична карта и возачката дозвола, според забелешките на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy