Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГРАТИС ВО ПАКУВАЊЕТО ИЛИ ОДРЖУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА ИСТО НИВО – Како компаниите се справуваат со трошоците и потребите на граѓаните
Економија

ГРАТИС ВО ПАКУВАЊЕТО ИЛИ ОДРЖУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА ИСТО НИВО – Како компаниите се справуваат со трошоците и потребите на граѓаните

03/05/2023

AA

Поголеми пакувања, замрзнати цени, плати два земи три производи, дополнително количество гратис во пакувањата, но и држење на цените на минимумот се мерките кои ги преземаат компаниите изминатиов период со цел да им излезат во пресрет на граѓаните во екот на една од најголемите кризи. 

Растот на цените на производите наметнат најмногу од растот на цените на енергенсите, но и општиот раст на цените и на влезните трошоци доведоа до зголемување на скоро сите цени на производи во малопродажба. 

Граѓаните се особено загрижени поради растот на цените, но истата загриженост ја делат и компаниите кои поради драстичното поскапување најмногу на струјата работат со минимална заработка и се обидуваат да опстојат во овие турбулентни времиња. И покрај бројните проблеми со кои се соочуваат компаниите на терен се забележува дека дел од компаниите се обидуваат да им помогнат на граѓаните преку разни пакети. 

Еден таков пример е компанијата „Бимилк“ која деновиве во продажба ги пушти своите производи во поголеми пакувања, но со исти цени. 

„Ова е период кога компаниите треба да ја покажат својата вистинска функција и да излезат во пресрет на сегашните потребите на граѓаните. Кризата ја чувствуваме сите и затоа потребни се решенија за сите. Како најголем производител на млеко и млечни производи, свесни сме и знаеме за секојдневните потреби на граѓаните и колку е опадната куповната моќ. Нашите производи се дел од секојдневната исхрана и знаеме колку е значајно намалувањето на цените, што го направивме во два наврати досега и зголемувањето на грамажата на најкупуваните производи, со сегашната кампања. Секој денар е важен, а ова се времиња кога тоа особено значи. Токму затоа оваа кампања има за цел да ја покаже нашата благодарност кон верните потрошувачи и нивната лојалност“, истакнува Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг менаџер на „Бимилк“.

Бизнисмените за Фактор потенцираат дека ова е видно турбулентен период кој не им остава многу простор за пакет мерки, но сепак, онаму каде се може не отфрлаат разни пакети за помош на граѓаните, сепак, потенцираат дека трошците се екстремно зголемени. 

„Нашиот главен продукт, јајцата досега имаа замрзнати цени, и тие ќе гледаме да останат исти и по завршувањето на одлуката на Владата за замрзнување. Трошоците се многу високи, како за струја, така и останатите влезни трошоци, но ние не се буневме против мерката на Владата бидејќи сме свесни дека мора да им помогнеме на граѓаните. Ќе се трудиме тие цени да останат исти, освен ако не се случи да има значителен раст на влезните трошоци“, вели сопственикот на компанијата „Везе Шари“, Арбен Абдурахмани. 

Тој за Фактор појаснува дека доколку покрај замрзнувањето на цената на јајцата, ако немало и одлука за пласман на производи во иста количина имало опасност од недостиг на јајца на пазарот, бидејќи во соседството има голем недостиг на јајца и голем дел ќе биле извезени. 

Дел од бизнисмените кои ги консултиравме потенцират дека можностите за посебни пакети за помош на граѓаните им се минимални бидејќи имаат ограничени маржи, и работат со минимална заработка. Сепак, истакнуваат дека се прави се цените да се одржат на минимално ниво во однос на влезните трошоци.

Петранка Огнаноска

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ

09/11/2026
Македонија

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои

09/11/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три

09/11/2026
Македонија

ОПШТИНАТА НЕ Е СПОСОБНА ДА СЕ СПРАВИ СО КРАВИТЕ, ПА

09/11/2026
Македонија

ГИ ГРАДИМЕ ТЕМЕЛИТЕ ЗА СЛЕДНИТЕ ПОБЕДИ Мицкоски на прослава на

09/11/2026
Македонија

ДО ВИКЕНД ТОПЛО И ДОЖДЛИВО, СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 20 СТЕПЕНИ

09/11/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БИТ-ПАЗАР Гори магацин, огнот го гаснат со

09/11/2026
Македонија

ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ СЕ ПОЧИТУВА ВО ИЈЗ, ДУИ НАПАЃА ОД

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46685
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ РЕДОВНИ ИЗБОРИ Гаши уверен дека

09/11/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека партиите треба да седнат на разговор за измените на Законот за јавните набавки,

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои работи отидоа предалеку

09/11/2026

Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека Европската Унија сторила неправда кон Македонија со тоа што по потпишувањето на Преспанскиот

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три куќи, гаснеле 22 пожарникари

09/11/2026

Пожарот што избувна попладнево кај Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола. Во интервенцијата учествуваа 9 противпожарни возила и 22

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy