Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Граѓаните задоволни – Уставниот суд донесе времена мерка за запирање на сите правни дејствија поврзани со контроверзниот член 368 од Законот за облигациони односи
Економија

Граѓаните задоволни – Уставниот суд донесе времена мерка за запирање на сите правни дејствија поврзани со контроверзниот член 368 од Законот за облигациони односи

18/07/2024

AA

Одлуката
на Уставниот суд за поведување на иницијатива за оценување на уставноста на
членот 2 и членот 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за
облигациони односи, е официјално објавена во Службен весник. Имено, измените се
однесуваат на членот 368, каде се предвидува застарување на долгови или
побарувања постари од 10 години и истите се отпишуваат. Објавена е и времената
мерка со која се запира било какво постапување по овие членови, сѐ додека Уставниот суд не
ја заврши постапката за оценување на уставноста. Контроверзниот член предизвика
низа реакции во јавноста, помеѓу стручната фела, граѓаните и деловната јавност.
Реакциите се однесуваа исклучиво за овој член од законот, со кој се предвидува
отпис на долговите постари од 10 години, а не за отпис на каматите, како што се
шпекулираше во јавноста. Поднесените иницијативи се однесуваат исклучиво за
преиспитување на отписот на долговите, додека измените кај намалувањето на
каматите остануваат на сила.

Граѓаните
кои долг временски период стравуваа дека не ќе можат да ги наплатат своите
побарувања, сега може да здивнат. Уставниот суд им даде надеж дека сепак
нивните побарувања нема да пропаднат и дека нивното право на сопственост, што е
загарантирано со  Уставот, нема да биде
нарушено. Имено, адвокатските канцеларии се преполни со предмети на граѓани кои
се обидуваат да ги наплатат своите побарувања со години. Според адвокатите, најчесто
се работи за ранливи групи кои имаат побарувања по различни основи, како на
пример, алиментација, наплата на надомест за издршка на дете, побарувања од
остварување на надомест од несреќен случај, при услови кога настапува смрт,
телесна повреда или оштетување на здравјето, а проблематичен аспект се и постапките
за исплата на плата и други надоместоци од работен однос.

И
стручната јавност смета дека Уставниот суд покажа силен интегритет и отвореност
да анализира и оценува иницијативи за деликатни законски решенија од повеќе
аспекти и коментираат дека времената мерка и запирањето на примената на овој
член им дава насоки како да постапуваат во периодот до конечната одлука по овие
иницијативи.

Уставниот
суд одлучуваше по иницијативите поднесени од адвокатот Љупчо Кузмановски и
иницијативата поднесена од Предраг Баришиќ.

„Поаѓајќи
од фактот дека Уставот е највисок правен акт и дека сите закони, подзаконски
акти и пишани правила треба да бидат во согласност со Уставот, подносителот на
оваа иницијатива смета дека потребно е оценка на уставноста на членот 2 од
изменувањата и дополнувањата на Законот за облигационите односи“, се вели во
иницијативата поднесена од адвокатот Љупчо Кузмановски.

За
штетните последици од овој член од Законот за облигациони односи реагираа и
Стопанската комора и Адвокатската комора на Македонија. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ

09/11/2026
Македонија

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои

09/11/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три

09/11/2026
Македонија

ОПШТИНАТА НЕ Е СПОСОБНА ДА СЕ СПРАВИ СО КРАВИТЕ, ПА

09/11/2026
Македонија

ГИ ГРАДИМЕ ТЕМЕЛИТЕ ЗА СЛЕДНИТЕ ПОБЕДИ Мицкоски на прослава на

09/11/2026
Македонија

ДО ВИКЕНД ТОПЛО И ДОЖДЛИВО, СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 20 СТЕПЕНИ

09/11/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БИТ-ПАЗАР Гори магацин, огнот го гаснат со

09/11/2026
Македонија

ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ СЕ ПОЧИТУВА ВО ИЈЗ, ДУИ НАПАЃА ОД

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46685
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ РЕДОВНИ ИЗБОРИ Гаши уверен дека

09/11/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека партиите треба да седнат на разговор за измените на Законот за јавните набавки,

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои работи отидоа предалеку

09/11/2026

Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека Европската Унија сторила неправда кон Македонија со тоа што по потпишувањето на Преспанскиот

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три куќи, гаснеле 22 пожарникари

09/11/2026

Пожарот што избувна попладнево кај Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола. Во интервенцијата учествуваа 9 противпожарни возила и 22

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy