Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Граѓаните совесно да купуваат додатоци во исхраната преку интернет – прво да проверат дали се регистрирани
Македонија

Граѓаните совесно да купуваат додатоци во исхраната преку интернет – прво да проверат дали се регистрирани

21/07/2023

AA

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до граѓаните да бидат одговорни и совесни потрошувачи и да не наседнуваат на непроверени и непотврдени информации за продажба на додатоци во исхраната преку социјалните мрежи и преку веб платформи на нерегистрирани/неодобрени оператори, бидејќи производите може да бидат и небезбедни, без оглед дали се работи за производи од домашно производство или од увоз.

Инспекциските служби на АХВ вршат контроли на работењето на одобрените/регистрираните оператори со храна и со додатоци во храната, односно, на сите компании кои се дел од легалниот синџир на производство и трговија, вклучително и на оние кои вршат електронска продажба на своите производи.

Купувањето на вакви производи преку социјалните мрежи и веб платформи на нерегистрирани/неодобрени оператори, без потрошувачите претходно да се информираат дали истите се одобрени или не, е на нивна лична одговорност.

Дали додатоците кои се продаваат преку социјалните мрежи или преку електронски медиуми се одобрени од АХВ, односно дали ги исполнуваат општите и посебните услови за безбедност на оваа категорија производи, граѓаните можат да се информираат на интернет страната на АХВ – www.fva.gov.mk – Регистар на производи што ги исполнуваат посебните барања за безбедност како додатоци на исхрана (https://drive.google.com/file/d/1XhW_rPsSy3DkoeJp6ejo7CKMTFxkulEc/view).

На оваа категорија продавачи АХВ нема можност да направи контрола бидејќи лицата се непознати и со непозната адреса. За утврдување на автентичноста на профилот од каде се врши продажбата и за откривање на лицето – сопственик на ФБ профилот, АХВ соработува со Министерството за внатрешни работи.

Секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, вклучително и на додатоците во храната, потрошувачите можат да ја пријават во Агенцијата лично, писмено, електронски на [email protected], или на бесплатната телефонска линија за потрошувачите 0800 3 22 22.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Седум лица приведени за семејно насилство во изминатото деноноќие

10/07/2026
Македонија

21-годишник од Пехчево поттикнал малолетник да украде картичка од дедо

10/07/2026
Македонија

Се проширува истрагата за ботоксите: Вчера приведени нови три лица,

10/07/2026
Македонија

Директорот на затворот: Кај дел од осудениците има црвенило, ќе

10/07/2026
Македонија

ВИДЕО Авионот на „Рајанер“ и вчера се вратил додека бил

10/07/2026
Македонија

Трагедија во Гостивар: Почина 14-годишно девојче по пад од лулашка

10/07/2026
Македонија

За едно деноноќие приведени 13 возачи поради безобѕирно возење, 10

10/07/2026
Македонија

Алиу по 13 месеци заминува од функцијата: парамедик ќе се

10/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44303
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Седум лица приведени за семејно насилство во изминатото деноноќие

10/07/2026

На 10.07.2026 во 01:20 часот во ПС Гостивар, 41-годишен маж од Гостивар пријави дека во дворот на семејната куќа бил

21-годишник од Пехчево поттикнал малолетник да украде картичка од дедо му, подигнале 156.000 денари

10/07/2026

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против И.В. (21) од Пехчево, поради постоење основи на сомнение за

Се проширува истрагата за ботоксите: Вчера приведени нови три лица, од кои двајца доктори

10/07/2026

Во рамките на истражната постапка што ја води предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy