Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГОРИВАТА СО НОВИ ЦЕНИ – бензините поевтинуваат од два до дваипол денари
Економија

ГОРИВАТА СО НОВИ ЦЕНИ – бензините поевтинуваат од два до дваипол денари

07/03/2025

AA

Бензините по полноќ ќе се продаваат по пониски цени, но нема промена кај останаите деривати, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. 

Од РКЕ посочија дека малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 се намалува за 2,50 денари за литар, додека малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98 се намалува за 2,00 денари за литар. 

Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

– Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка
бележат намалување во просек: кај бензините за 5,418 отсто, кај дизелот за 3,412 проценти, кај екстра лесното масло
е за 3,198 отсто и кај мазутот намалувањето е за 1,854 проценти.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната
пресметка е понизок за 0,3912 отсто – се посочува во соопштението на РКЕ. 

Од 8.3.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: 

– Моторен бензин Еуросупер БС – 95               75,00 (денари/литар) 

– Моторен бензин Еуросупер БС – 98               77,50 (денари/литар) 

– Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)          72,00 (денари/литар) 

– Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)       71,50 (денари/литар) 

– Мазут М-1 НС                                                  43,501 (денари/килограм) 

Од РКЕ непоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати, а трговците на големо и на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат
цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Неготинец измамен преку лажна СМС-казна – наместо 460, платил 26.908

21/08/2026
Македонија

Се враќа нормалата во Гостивар: Прекината епидемијата поврзана со водата

21/08/2026
Македонија

Проработе единствениот ПЕТ/КТ скенер во земјава – денеска закажани 9

21/08/2026
Македонија

Нема повеќе возење без контрола: Сите службени возила на Град

21/08/2026
Македонија

Мицкоски: 14 луѓе живи гореа во Тетово, а Обвинителството не

21/08/2026
Македонија

43 случаи на западнонилска треска, вирусот првпат потврден и кај

21/08/2026
Македонија

Месечно за живот во изнајмен стан се потребни над 84

21/08/2026
Македонија

Дивокоза за првпат после долго време е забележана на фотозамките

21/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45158
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Неготинец измамен преку лажна СМС-казна – наместо 460, платил 26.908 денари

21/08/2026

Наместо да плати 460 денари за наводна сообраќајна казна, 44-годишен жител на Неготино останал без речиси 27 илјади денари од

Се враќа нормалата во Гостивар: Прекината епидемијата поврзана со водата за пиење

21/08/2026

По периодот на здравствена неизвесност предизвикан од појавата на стомачни заболувања, состојбата во Гостивар се смирува. Надлежните здравствени служби утврдиле

Проработе единствениот ПЕТ/КТ скенер во земјава – денеска закажани 9 снимања

21/08/2026

По повеќемесечно чекање на онколошките пациенти, единствениот ПЕТ/КТ скенер во земјава повторно е ставен во функција. Од денеска се започнати

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy