
Таравари: 50 денари од час е пристојна цена за паркинг на Клинички
Министерот за здравство Арбен Таравари најави дека паркинот на Клинички ќе поскапе од 30 на 50 денари за час по преземањето од страна на албанската компанија Ѓока.
Како што вели, договорот со оваа албанска компанија би требало да биде потпишан откако истиот ќе помине неколку филтри, но доколку има негативни реакции, истиот нема да се случи.
„Морам да кажам дека не се однесува договорот за 20 години, туку услов во договорот е дека фирмата која ќе го добие тендерот ќе стопанисува со паркингот додека е на тоа место Клиничкиот центар. Јас не верувам дека повеќе од 7-8, еве и 10 години таму ќе остане Клинички. Затоа и немаше интерес од компаниите, да беше на подолг рок ќе се пријавеа повеќе“, рече денеска Таравари.
Во однос на цената, Таравари смета дека 50 денари е сосема пристојна цена.
„Сметам дека не е цена која е многу висока. Паркирањето во ‘Рамстор’ чини 60 денари, а кај ‘Нова Македонија’ 40 денари. Има места во Скопје каде паркирање чини по 100, 150 денари од час“, изјави Таравари.