
Гори на патарина: Вардарци пречекани од Комити – ечеше песна за црвено-црните херои (ВИДЕО)
Црвено-црните фудбалери беа пречекани од поголема група Комити, кои со песна и пиротехничко шоу го почнаа славјето, кое сигурно ќе трае до раните утрински часови. Ечеа стихови од познатите песни за поддршка на Вардар, се лееше шампањско, па избраниците на тренерот Бобан Грнчаров на моменти се чувствуваат како да освоиле Лига на шампионите.
Вардарци на патарината се префрлија во двокатен автобус со отворен кров, на кој ќе влезат во Скопје со цел да бидат поздравени од сите на кои во срцето им е црвено-црната боја. Тие ќе се упатат кон скопскиот плоштад, каде што се очекуваат илјадници навивачи со кои потоа ќе го прослават враќањето во Првата лига по исклучително тешка сезона, во која играа буквално без пари.
