
Гончаренко му одговори на Трамп: Нападот на Москва е доказ дека и ние имаме карти
Украинскиот пратеник Олексеј Гончаренко изјави дека вчерашните напади врз Москва ја покажуваат способноста на Украина да изврши „многу сериозни“ напади врз Русија.
Говорејќи за Би-Би-Си од Киев, тој истакна дека „ова испраќа порака дека и ние ги имаме картите“, што очигледно се однесува на неодамнешната изјава на Доналд Трамп, кој рече дека верува оти Русија „има карти“ во какви било мировни преговори.
Што се однесува до средбата во Џеда, Гончаренко изрази надеж дека разговорите ќе ја вратат довербата меѓу САД и Украина, откако Зеленски и Трамп се скараа во Овалната соба на Белата куќа. Тој додаде дека целта на Украина е да обезбеди територијален интегритет, суверенитет и безбедносни гаранции за време на средбата.