Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГОЛЕМА ЗДЕЛКА СЕ СЛУЧУВА ВО ХРВАТСКА, „ПОДРАВКА“ КУПУВА НЕКОЛКУ ФИРМИ – треба да се изјасни и нашата Комисија за заштита на конкуренцијата, еве зошто
Економија

ГОЛЕМА ЗДЕЛКА СЕ СЛУЧУВА ВО ХРВАТСКА, „ПОДРАВКА“ КУПУВА НЕКОЛКУ ФИРМИ – треба да се изјасни и нашата Комисија за заштита на конкуренцијата, еве зошто

30/08/2024

AA

Во Хрватска ќе има голема зделка, во која „Подравка“ ќе купува неколку
компании, ама информацијата дојде и до земјава, и тоа преку барањето неа да ја
разгледа и нашата Комисија за заштита на конкуренцијата.

Имено, до нашата Комисија стигнало известување за концентрација, од која може да се види дека ПОДРАВКА АГРИ д.о.о., Хрватска, стекнува
самостојна контрола над друштвата БЕЉЕ плус, ПИК-ВИНКОВЦИ плус, ВУПИК, Енергија Градец, БЕЉЕ АГРО-ВЕТ плус, како и ФЕЛИКС плус, сите друштва со ограничена одговорност и сите од Хрватска.

Ова известување стигнало пред неколку дена до
Комисијата за заштита на конкуренцијата, и во него се објаснува какви активности имаат учесниците во зделката, но
и како се тие поврзани со земјава, и зошто мислење треба да даде нашата Комисија.

ПОДРАВКА АГРИ д.о.о. е со
примарна дејност управувачки активности на холдинг друштвата и е во целосна
сопственост на Подравка д.д. Примарна дејност, пак, на Подравка д.д. е производство
на преработена храна и фармацевтски производи.

А, како што е познато, и како што нагласуваат од самата КЗК, во земјава Подравка
има едно регистрирано директно зависно друштво, и тоа Друштвото за трговија и услуги ПОДРАВКА ДООЕЛ
Петровец, кое е е регистрирано во
индустриската зона Ќојлија во Петровец.

Како што објаснуваат од Комисијата, регистрираната дејност на
ПОДРАВКА ДООЕЛ Петровец е неспецијализирана трговија на големо со храна, пијалаци и
тутун.

Исто така, во земјава Подравка има и едно регистрирано
индиректно зависно друштво, и тоа
друштвото за трговија и услуги БЕЛУПО ДООЕЛ Скопје, чие регистрирано седиште е на Булевар 3-та
Македонска бригада во Скопје.
Регистрираната дејност на БЕЛУПО ДООЕЛ Скопје е трговија на големо со
фармацевтски производи.

Е сега малку за хрватските друштва кои ќе ги презема хрватската Подравка.

БЕЉЕ плус д.о.о. е друштво регистрирано за одгледување на житарки
(освен ориз), мешунки и маслодајни семиња. Друштвото исто така е активно и во
сточарството, вклучително и одгледување свињи и говеда, полјоделство,
одгледување на посеви, одгледување домати во стаклени градини, лозарство и
производство на вино. ПИК-ВИНКОВЦИ плус д.о.о. е друштво чии главни активности
се полјоделство, одгледување и складирање зеленчук, како и сточарство,
вклучително и одгледување свињи и говеда. Главните активности на ВУПИК плус
д.о.о. вклучуваат свињарство, земјоделство и градинарство, сточарство,
лозарство и производство на вино. Како дел од Вупик, постои и претоварно
пристаниште кое работи на две локации: силос Дунав Вуковар и силос Бобота.
Основната дејност на Енергија Градец д.о.о. е производство на електрична
енергија од обновливи извори, односно истата произведува електрична енергија од
биогас преку 5 постројки за биогас во Република Хрватска. Регистрираната
дејност на друштвото е Трговија со електрична енергија. Основната дејност на
БЕЉЕ АГРО-ВЕТ плус д.о.о. е давање ветеринарно-медицински услуги, вршење
стручен надзор и давање стручни совети. ФЕЛИКС плус д.о.о. е со регистрираната
дејност Трговија на големо со житарки, суров тутун, семиња и добиточна храна.
Друштвото се занимава и со обработливо земјоделство и управува со земјоделско
земјиште

Како што објаснуваат од Комисијата, ниту едно од овие набројани целни друштва нема
регистрирани зависни друштва или подружници во земјава.

„Подносителот
смета дека релевантниот пазар на производи може да се дефинира како пазар за
производство и снабдување со намази од сирење. По однос на географскиот опсег
на пазарот за предметната концентрација, Подносителот предлага дефиницијата на
пазарот да биде територијата на Република Северна Македонија. Врз основа на
прелиминарното испитување Комисијата утврди дека предметната концентрација може
да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата. Сепак
конечната одлука по ова прашање е резервирана. Комисијата ги повикува сите
заинтересирани страни да достават забелешки и мислења за оваа концентрација до
Комисијата“, се вели во објавата
од Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Фото: Принтскрин

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година

22/10/2026
Македонија

ПРЕКУ БРВЕНИЦА АХМЕТИ СЕ ОБИДУВА ДА СЕ ВРАТИ НА ПОЛИТИЧКАТА

21/10/2026
Македонија

ПРЕКУ БРВЕНИЦА АХМЕТИ СЕ ОБИДУВА ДА СЕ ВРАТИ НА ПОЛИТИЧКАТА

21/10/2026
Македонија

ОТФРЕНА ИНИЦИЈАТИВАТА НА СДСМ ЗА ПОЛИТИКИТЕ КОН НЕЛЕГАЛНАТА МИГРАЦИЈА Уставниот

21/10/2026
Македонија

ЗАВРШИ СОСЛУШУВАЊЕТО НА ВЕШТАКОТ ЗА „ПУЛС“ Одбраната се повикува на

21/10/2026
Македонија

СВЕДОК ТВРДИ ДЕКА УПРАВНИОТ ОДБОР НЕ ДОНЕЛ ОДЛУКА ЗА НАБАВКА

21/10/2026
Македонија

КРАЈ НА НЕОПРАВДАНОТО ШИРЕЊЕ НА ДРЖАВНИОТ АПАРАТ Нацрт закон носи

21/10/2026
Македонија

ПОТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТО ЛИЦЕ ВО ВАРДАР Спасувачки тимови го пребаруваат

21/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46304
  • Регион 3997
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година

22/10/2026

Корисниците од Македонија во текот на 2025 година потрошиле околу 1,4 милиони евра на популарната интернет-платформа OnlyFans, покажуваат податоците од

ПРЕКУ БРВЕНИЦА АХМЕТИ СЕ ОБИДУВА ДА СЕ ВРАТИ НА ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА Не го интересираат интересите

21/10/2026

Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата ,,Само вистина” на Канал 5 телевизија се осврна на темата за изборите во

ПРЕКУ БРВЕНИЦА АХМЕТИ СЕ ОБИДУВА ДА СЕ ВРАТИ НА ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА Не го интереисраат граѓаните

21/10/2026

Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата ,,Само вистина” на Канал 5 телевизија се осврна на темата за изборите во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy