
Голем пожар во Хамбург, одекнуваат и експлозии: Низ градот се шири облак со опасни хемикалии, издадено предупредување
Голем пожар избувна на камионска постојка околу 4 часот и 30 минути утринава во Хамбург. Полицијата ги предупреди жителите дека во правец на градот патува силен чад, а на местото на пожарот наводно истекува водород сулфид.
Целата станица досега изгоре, јавуваат германските медиуми. Пожарникарите на местото на пожарот можат да пристапат само со маски, а во околината се уште одекнуваат детонации, пренесува Index.hr.
Пожарникарите испратија официјално соопштение до граѓаните во населбата Ротенбургсорт да ги затворат прозорците и вратите поради чад и хемиски соединенија во воздухот.
Big fire near Rothenburgsort Hamburg Germany pic.twitter.com/UnhC4QDVCs
— h (@hcarthyc_) April 9, 2023
NDR објави дека имало бројни експлозии и дека шест противпожарни возила биле ангажирани за гаснење на пожарот.
Затворен е и патот околу градот во двата правци за да можат пожарникарите да бидат поефикасни во гаснењето на пожарот, а се воспоставени и алтернативни правци. Пожарникарите ги предупредија жителите да ја избегнуваат областа зафатена од пожарот.
„Ќе ве известиме кога ќе помине опасноста. Следете ги упатствата на службите за итни случаи. Ве молиме известете ги и вашите соседи, особено оние на кои можеби ќе им треба помош поради инвалидитет, јазични бариери или намалена подвижност“, велат тие.