Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Милановиќ вели Пленковиќ бил човек кој забива ножеви во грб
Регион

Милановиќ вели Пленковиќ бил човек кој забива ножеви во грб

09/04/2023

AA

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ го критикуваше премиерот Андреј Пленковиќ. 

Тие си разменија остри зборови по најновите шпекулации објавени во шведските медиуми дека Пленковиќ ќе се кандидира за нов генерален секретар на НАТО.

Милановиќ порача дека е важно датумот за парламентарните избори да не се приспособува на амбициите и интересите на Пленковиќ и на неговите амбиции да стане потенцијален кандидат за нов генерален секретар на НАТО.

„Инаку, во време на криза шефот на НАТО е само медиумски присутен, но тој мора да биде допадлив за Вашингтон и Париз“, рече Милановиќ.

Вели дека Пленковиќ им забивал ножеви во грб на луѓето кои му помагале.

Пленковиќ му одговори на шефот на државата.

„Ми се чини дека шведските медиуми се збуниле, мислеле на Милановиќ, бидејќи тој силно ја поддржа Шведска во однос на влезот во НАТО. Тој застапува многу јасни прозападни, трансатлантски позиции и одвај го чекаат во седиштето на НАТО“,  прокоментира Пленковиќ. 

За најсериозен кандидат за нов генерален секретар на НАТО, на местото на Јенс Столтенберг, кому мандатот му истекува на 30 септември, се смета естонската премиерка Каја Калас. Кој ќе го наследи Столтенберг ќе се знае во јули. Инаку, Милановиќ го напаѓаше Пленковиќ за поддршката за Украина, а тој му врати дека е човек на рускиот претседател Владимир Путин. 

foto EPA-EFE/ANTONIO BAT

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Сè уште активен пожарот кај Стенковец, избиле уште два на

06/09/2026
Македонија

Маж од скопско Драчево е осмата жртва од западнонилска треска

06/09/2026
Македонија

Гори дива депонија кај Стенковец, Ангелов: Ова што се случува

06/09/2026
Македонија

Ангелов: Пожарот кај Рамно го замириса Скопје, активни се над

06/09/2026
Македонија

Ер-трактори упатени кон Брвеница: Огнот кај Милетино се заканува на

06/09/2026
Македонија

Изложба на олдтајмери во Кавадарци: Најстариот автомобил има 98 години

06/09/2026
Македонија

Се огласија од Владата за приведениот возач: Законите важат за

06/09/2026
Македонија

Симон Трпчески со триумфални концерти во Токио одбележа 20 години

06/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45502
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Сè уште активен пожарот кај Стенковец, избиле уште два на отворен простор

06/09/2026

Пожарот кај Стенковец сè уште е активен, а во неговото гаснење се ангажирани скопските пожарникари. Во меѓувреме, попладнево избиле уште

Маж од скопско Драчево е осмата жртва од западнонилска треска

06/09/2026

Пациент на возраст од 70 години од скопската населба Драчево е осмата жртва од западнонилската треска годинава. Тој се лекувал

Гори дива депонија кај Стенковец, Ангелов: Ова што се случува е нехумано

06/09/2026

Нов пожар попладнево избувна во непосредна близина на спортскиот аеродром Стенковец, каде што е зафатена дива депонија. Над местото се

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy