Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГОЛЕМ ПАД ВО ИНДУСТРИЈАТА – прометот во јануари паднал над 12 проценти, еве во кои гранки најмногу „се осети“
Економија

ГОЛЕМ ПАД ВО ИНДУСТРИЈАТА – прометот во јануари паднал над 12 проценти, еве во кои гранки најмногу „се осети“

27/03/2024

AA

Голем пад е забележан кај прометот во индустријата во текот на месец јануари 2024 година, споредено со истиот месец минатата година. Согласно податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во јануари 2024 година изнесува 87,2, што всушност покажува дека индустиријата има пад од високи 12,8 проценти. 

– Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7 проценти и Капитални производи за 25,1 отсто. Додека пораст бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 1,9 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8 отсто – се појаснува во соопштението на ДЗС. 

Намален е прометот во индустријата, и на месечно ниво, и тоа за 14,5 проценти во јануари, во споредба со декември минатата година. 

– Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, бележи пораст кај Капитални производи за 34,3 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,5 отсто, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2,5 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 3,5 отсто – се појаснува во соопштението.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во јануари 2024 година, во однос на декември 2023 има пад од 28,8 проценти. 

Додека пак, прометот во индустријата на странските пазари, во јануари 2024 година, во однос на декември 2023 година е намален за 9 проценти.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026
Македонија

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026
Македонија

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026
Македонија

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната

27/07/2026
Македонија

Осумдневен притвор за Словенец кој физички ја нападнал девојката во

27/07/2026
Македонија

Истрага против четири лица во Скопје за дрога – запленети

27/07/2026
Македонија

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе

27/07/2026
Македонија

Цените на нафтата значително паднаа

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44701
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026

По десетдневна принудна пауза, водата во Гостивар од денеска може да се користи за лична хигиена и чистење во домовите,

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026

Угостителските објекти во Струга ќе работат еден час подолго во летниот период, додека за претстојниот празничен викенд работното време ќе

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026

Просториите на културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово биле мета на вандалски чин, при што објектот е оштетен, а на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy