Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЕ ЧУВСТВУВААТ ЕВРОПСКИТЕ САНКЦИИ КОН РУСИЈА – недостига евтината руска суровина за македонската метална индустрија
Економија

СЕ ЧУВСТВУВААТ ЕВРОПСКИТЕ САНКЦИИ КОН РУСИЈА – недостига евтината руска суровина за македонската метална индустрија

27/03/2024

AA

Македонската метална и
металопреработувачка индустрија се соочува со потешкотии, како последица на
неможноста веќе да се купува евтина суровина од Русија, додека земјите како
Србија и Турција кои немаат санкции кон Русија, слободно увезуваат метална
суровина од руско потекло. Најмногу се погодени погоните кои работат со трудоинтензивни
и нископрофитабилни дејности
. 

Од велешката фабрика „БРАКО“, најголемиот
производител на жица во Југоисточна Европа, велат дека се соочуваат со проблем само
во една програма – производството на жица, додека високотехнолошките производи, како возилата за чистење, медицинска опрема и големи метални конструкции, работат одлично.

„Српската и турската готова жица
и производи од жица се продаваат на пазарот по цена која е пониска и од самата наша
суровина која ние ја купуваме за да произведеме жица. Тие и натаму купуваат од
Русија, ние мораме да купуваме од Италија, Грција и од Босна, од тамошните железари, кои
се поскапи. Со таква конкуренција не може да се борите. Во ‚БРАКО’ веќе е неисплатливо
да се произведува жица, и ќе продолжиме да произведуваме само високотехнолошки
производи
со висока додадена вредност“, вели Орце Давчев од БРАКО, кој
е и претседател на Здружението за метална и електро индустрија при Стопанската
Комора.

 Дури 98 отсто од производите „БРАКО“ ги продава на пазарот
во Западна Европа и во САД, но и низ целиот свет во вкупно 60 држави.

Тешкотии поради затворање на
Русија како извор на евтина метална суровина имаат и во фабриката за цевки „Металопромет“ од Струмица. Од таму велат дека
се обидуваат да го реорганизираат производството
, да ги намалат фиксните
трошоци и да се зголеми продуктивноста на вработените, за да се компензира разликата
во набавна цена на поскапата суровина.

„Разговараме меѓу нас во овој дел
на индустријата, сите имаме потешкотии, но тоа се државни санкции, на
европско ниво и државата мора да се придржува до нив
. Но, ние имаме сознанија
дека има железари во Европа кои и натаму купуваат руска суровина, и покрај
санкциите, и тоа е практично нелојална конуренција. А од нас на европскиот пазар се бара да дадеме изјава дека нашите производи немаат руско потекло, има квоти за некои производи од Македонија, како што е жица, и се бараат CO2 сертификати“, велат од компанијата „Металопромет“.

Ацо Поповски од АД „Железник“ од
Демир Хисар
, произведувач на метални машински елементи, смета
дека сите фабрики во Македонија се погодени од неможноста да дојдат до поевтина
суровина: од Русија поради санкциите, а од Украина поради војната на нејзината
територија.

„Сите сме во истиот проблем, а сме поврзани едни со други. Нашите клиенти
бараат да платат после 90 дена, а ние не можеме да кажеме цена од сега
за
по три месеци, затоа што цените се менуваат, суровините се качуваат. Ние, на
пример, купуваме отпадно железо од ‚БРАКО’ за преработување. Ако тие купиле
поскапа суровина, и отпадот ќе биде поскап“, вели Петровски од АД „Железник“, кој
е и претседател на Здружението за металургија при Стопанската Комора.

Од македонската метална
индустрија велат и дека проблем е тоа што дел од конкуренцијата е лоцирана на
море и имаат пристап на пристаништа како Драч и Солун, поради што транспортните
трошоци им се помали, во споредба со камионскиот транспорт кој сочинува значаен
дел цената на суровината, кој за нас е единствено достапен 
при недостиг на
железница, а проблем направија и квотите за извоз во ЕУ. 

Македонските фабрики се соочуваат и со
недостиг на работна сила, пред се заварувачи и оператори на ЦНЦ машини, и се
повеќе се одлучуваат за увоз на работници од Пакистан, Шри Ланка и други земји.

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кошта утре пристигнува на средба со Мицкоски

01/06/2026
Македонија

Маж ѝ истурил хемиско средство во очите на својата партнерка

31/05/2026
Македонија

Приведено лице баранo со судска наредба за криумчарење на мигранти

31/05/2026
Македонија

Алијанса за Албанците стана „Албанска лига“ – Села најави силна

31/05/2026
Македонија

Четири лица уапсени и еден извршен службен разговор по седум

31/05/2026
Македонија

Со тротинет удрил во пешак во Гостивар и избегал!

31/05/2026
Македонија

Филипче: Евроинтеграциите зависат само од власта, уставните измени не се

31/05/2026
Македонија

20 ученици со симптоми на стомачни тегоби: Се испитува дали

31/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43569
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кошта утре пристигнува на средба со Мицкоски

01/06/2026

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, оваа недела започнува нова регионална турнеја низ Западен Балкан посветена на проширувањето на Европската

Маж ѝ истурил хемиско средство во очите на својата партнерка додека биле во автомобил!

31/05/2026

На 30.05.2026 година во СВР Скопје, 37-годишна жена пријавила дека во близина на нејзиното работно место, додека била во возило

Приведено лице баранo со судска наредба за криумчарење на мигранти

31/05/2026

Денеска (31.05.2026) во 15:00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, постапувајќи по судска наредба, го

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy