Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГОЛЕМ ГЕРМАНСКИ БРЕНД ЗАТВОРА ДВЕ ФАБРИКИ – засегнати околу 500 вработени, дел од производството го селат во соседни земји
Економија

ГОЛЕМ ГЕРМАНСКИ БРЕНД ЗАТВОРА ДВЕ ФАБРИКИ – засегнати околу 500 вработени, дел од производството го селат во соседни земји

10/04/2025

AA

Познатата германска компанија се одлучи да затвори две свои фабрики во матичната земја поради кризата во во градежниот сектор и воздржаноста на потрошувачите. 

Како што пренесуваат медиумите од соседството, технолошкиот концерн Бош планира да затвори две фабрики од своето производство за електрични алати Power Tools во Германија.

– Производството во Саксон Себниц и седиштето во Лајнфелден-Ехтердинген кај Штутгарт ќе бидат затворени по 2026 година – објави компанијата. 

Повеќе од 500 вработени ќе бидат погодени од овој потег.

Како причини за затворањето, Бош ги наведува кризата во градежниот сектор и воздржаноста на потрошувачите поради тешката економска ситуација.

Во Шебница, Саксонија моментално работат околу 280 луѓе. Преориентацијата на фабриката во друга дејност не е економски профитабилна, поради што ја разгледуваат можноста за продажба на фабриката.

Околу 230 вработени од Лајнфелден, Баден-Вуртемберг,  ќе бидат исто така засегнати од одлуката. Овие фабрики произведуваат, меѓу другото, дупчалки, чекани за уривање и аголни брусилки. Производството ќе биде преместено во други фабрики на концернот, на пример во Унгарија.

Двете погони произведуваат електрични алати, градинарска опрема, мерни уреди и додатоци под брендот Power Tools. Во текот на 2024 година, подружницата на Bosch оствари промет од 5,1 милијарди евра, од кои околу 90 отсто беа на странските пазари. Од вкупно 18.700 вработени во секторот Електрични алатки, околу 3.000 луѓе работат во Германија. Други фабрики се наоѓаат во Равенсбург и Мурхарт, меѓу другите.

Протест на вработените

Вработените силно ја критикуваа одлуката.

– Ова е скандал против кој ќе се бориме со сите средства, изјави Уве Гарбе, првиот комесар на синдикатот ИГ Метал Источна Саксонија.

– Особено во источна Германија е загрозена социјалната кохезија. Наместо да го премести производството во земји со евтина работна сила, работодавачот треба да ја преземе одговорноста за работниците кои му донеле голем профит во добри времиња- рече Гарбе.

Во Шебница в четврток ќе се одржи работнички собир пред фабриката.

Барбара Реш, регионален менаџер на ИГ Метал во Баден-Вуртемберг укажува дека компанијата се наоѓа под притисок.

– Бош е под притисок, но оној кој реагира исклучиво на отпуштања нуди погрешен одговор на предизвиците на нашето време.

Уште во летото 2024 година, Power Tools се договори со работниот совет во седиштето на компанијата да го намали бројот на работни места во централниот, развојот и административниот сектор – вкупно 480 позиции. 

Во тек се неколку програми за реструктуирање во рамките на целиот концерн, а според директорот на Бош, Стефан Хартунг, не се исклучени дополнителни отпуштања. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Три години затвор и пет години забрана за вршење дејност

21/11/2025
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ДА СЕ УКИНЕ ОСЛОБОДИТЕЛНАТА ПРЕСУДА ЗА ЃОРЧЕВСКИ Бранителот

21/11/2025
Македонија

ПОПЛАВЕНИ КУЌИ, МАГАЦИНИ, ВИЗБИ: Се излеаа реките кај Радовиш!

21/11/2025
Македонија

Мицкоски убеден дека ќе стигнеме први до ЕУ

21/11/2025
Македонија

НАДОЈДЕНИ РЕКИ И РЕКОРДНИ ВРНЕЖИ Енергетскиот систем издржа без ризик

21/11/2025
Македонија

Охридско Езеро е на безбедна кота, надојдените води во Дебарско

21/11/2025
Македонија

Денес во Кочани започна со работа регионалниот центар за ментално

21/11/2025
Македонија

ОЈО Кочани ќе вложи жалба за мерката куќен притвор за

21/11/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 37919
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Три години затвор и пет години забрана за вршење дејност за гинекологот Асани кој ја

21/11/2025

Гинекологот Мухамед Асани, кој го изведе царскиот рез по кој родилката Јалдз Веапоска остана без матка, јајник и бубрег, денес

ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ДА СЕ УКИНЕ ОСЛОБОДИТЕЛНАТА ПРЕСУДА ЗА ЃОРЧЕВСКИ Бранителот Туфегџиќ потсети дека ЈО пред

21/11/2025

Јавното обвинителство поднесе жалба до Апелацискиот суд за ослободителната пресуда на Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, на последниот

ПОПЛАВЕНИ КУЌИ, МАГАЦИНИ, ВИЗБИ: Се излеаа реките кај Радовиш!

21/11/2025

Поради обилните врнежи, на подрачјето на Општина Ресен дошло до излевање на Болнска и Источка река во селата Царев Двор

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy