
Голден Арт го прегази Пролет во Купот на Македонија
Мечот беше неизвесен во првото полувреме кое заврши нерешено 12-12, но ракометарите на Голден Арт одиграа неверојатен втор дел кој го добија со дури десет голови разлика.
Во тие втори 30 минути Голден Арт имаше тотална доминација, ракометарите на Пролет направија серија од грешки и влегуваа во се поголема негатива. На крај гостите победија со 32-22.
Милошевски со седум гола беше најдобар во составот на Голден Арт, Шилегов и Трајковски постигнаа по пет. За Пролет Андоновски реализираше пет, Плаевски четири.
Во финалето од третата четвртфинална група Голден Арт ќе игра со победникот од мечот меѓу Радовиш и Вардар.