Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Годишна конференција на Македонската асоцијација за цврст со отпад – „Имплементација на кружната економија во управување со цврст отпад„
Македонија

Годишна конференција на Македонската асоцијација за цврст со отпад – „Имплементација на кружната економија во управување со цврст отпад„

26/05/2023

AA

Во насока на поголемо искористување на потенцијалот на кружната економија за унапредување на животната средина и поттикнување на економски развој, Македонската асоцијација за управување со цврст отпад  (МАСВА)  организира  годишна  конференција.  На конференција  со  главен  фокус  на темата

„Имплементација на кружната економија во управување со цврст отпад„ која ќе се одржи на 29-30 мај годинава во Скопје, во хотелот Холидеј Ин, врвни домашни и странски експерти од реалниот сектор, академската заедница и институциите ќе ги презентираат најновите трендови и предизвици во управувањето со цврст отпад базиран на принципите на кружната економија.

На отворањето на конференцијата свои поздравни обраќања ќе имаат претседателот на МАСВА, Михаил Матески, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, претседателот на Меѓународната асоцијација за тврд отпад, Карлос Силва Филхо и Стефан Кувенџиев декан на Технолошко металуршкиот факултет од Скопје. Своите излагања ќе имаат претставници на институциите како Министерство за животна средина и просторно планирање, Царинската Управа, јавното претпријатие Русино Полог, а реалниот сектор ќе биде претставен од неколку домашни и странски компании. Своите искуства и знаења ќе ги презентираат претставници на Пакомак, Цементарница УСЈЕ АД Скопје, Гринтех МК, Гентем, Гума Тек, Алпако Еко, Макстил, Нута Отпад, Томра Системи од Норвешка, Саубермахер- Австрија, Блу Планет и други. Во рамките на конференцијата ќе се обратат и неколку домашни и странски експерти, како и професори од Машинскиот и Технолошки металуршкиот факултет од Скопје и Универзитетот Американ Колеџ од Скопје .

Првиот ден, панел дискусиите ќе бидат посветени на две теми – „Воведување на депозитен систем и враќање на пакувањето во Р.С. Македонија“ и „Енергија од отпад – ограничување или придобивки од земјата?“. Во текот на вториот ден од конференцијата панелите ќе бидат фокусирани на темите:

„Дополнителни текови на отпад во проширена одговорност на производителот“, Финансирање на системи за одржливо управување со отпад“ и „Младите и науката во решенијата за одржливо управување со отпад“. На овој панел студенти ќе ги презентираат своите студии поврзани со унапредување на системот за управување со отпад.

Во знак на одбележување на 10 годишнината од делувањето на МАСВА ќе бидат доделени признанија за експерти и компании членките кои дадоа особен придонес за развојот на организацијата и проширување на соработката како и унапредување на управувањето со отпад во земјава.

Управувањето со цврст отпад е еден од најважните сегменти во современите општества и водечките економии посветуваат големо внимание на негово континуирано унапредување. За земји во развој управувањето со отпад е од големо значење бидејќи придонесува за заштита на животната средина и поттикнува развој на нови бизниси базирани на одржлива основа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГРАНКА УСМРТИ 77-ГОДИШЕН РАДОВИШАНЕЦ Загинал додека со 73-годишник биле на

25/09/2026
Македонија

Венко Филипче може да биде само чувар на јахтата во

25/09/2026
Македонија

ПАРТИЈАТА НА ФИЛИПЧЕ Е ВО ИЗУМИРАЊЕ Се противат на рудници,

25/09/2026
Македонија

68-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ПО ПОЖАРОТ ВО РАДОВИШКО Полицијата вели дека го

25/09/2026
Македонија

КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СРЕДНИОТ КОРИДОР Е УШТЕ

25/09/2026
Македонија

КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СПОРО СЕ ГРАДИ Вигенин

25/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА Е МЕЃУ НАЈУБАВИТЕ ЗЕМЈИ ШТО СУМ ГИ ВИДЕЛ, РЕКЛАМИРАЈТЕ

25/09/2026
Македонија

УНИШТЕНИ 202 ЛИТРИ, ОДНОСНО КИЛОГРАМИ СЛАДОЛЕД И МРАЗ Контролирани 560

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45797
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГРАНКА УСМРТИ 77-ГОДИШЕН РАДОВИШАНЕЦ Загинал додека со 73-годишник биле на нива кај Ораовица

25/09/2026

77-годишен жител на Радовиш починал на нива во атарот на радовишкото село Ораовица, откако врз него паднала гранка од топола

Венко Филипче може да биде само чувар на јахтата во зимскиот период

25/09/2026

Крајно време е Венко Филипче да си замине од СДСМ. Она што луѓето од Платформата 12.05 одлучно и јавно му

ПАРТИЈАТА НА ФИЛИПЧЕ Е ВО ИЗУМИРАЊЕ Се противат на рудници, дата центри, на сè што

25/09/2026

  Венко Филипче со јавните настапи изгледа очајно, а партијата му е во изумирање, па затоа нека се посвети малку

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy