Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГОДИНАВА НИТУ ЕВРО ОД БУЏЕТОТ: Наместо 250 милиони евра, ништо за автопатите на „Бехтел и Енка“
Економија

ГОДИНАВА НИТУ ЕВРО ОД БУЏЕТОТ: Наместо 250 милиони евра, ништо за автопатите на „Бехтел и Енка“

26/09/2024

AA

Јавното претпријатие „Државни патишта“ како инвеститор не добил ниту евро од државниот буџет годинава за изведувачот „Бехтел и Енка“ за изградбата на новите автопатски делници од Коридор 8 и Коридор 10Д. Тоа може да се види од последниот отчет на американско-турскиот конзорциум за сработеното во месец јули, а кој што е објавен пред два дена.

Според посебната годишна програма за овој проект, за операторот кој ги гради автопатите Тетово-Гостивар-Букојчани, Требеништа-Струга-Ќафасан и Прилеп-Битола, требаше тековно да се исплаќаат 250 милиони евра во 2024, но иако е октомври на прагот, нема трансакција на ниту едно евро за оваа намена за „Државни патишта“. Во отчетот се објавени само старите лански трансакции.

Министерството за транспорт и врски во последните два работни дена од минатата година му исплати 43 милиони евра на Јавното претпријатие „Државни патишта“ за четирите автопатски делници од договорот со „Бехтел и Енка“ и тоа беа последните трансакции. Со тоа се заокружи предвидената финансиска програма во првата година од договорот за изградба на автопатите од Коридор 8 и Коридор 10Д. Се на се, во текот на минатата година вкупно беа исплатени околу 240 милиони евра.

„Во периодот јули 2024 година, Изведувачот продолжил да врши работи главно за експропријација, геотехнички истражни работи, проектирање и спецификации и мобилизациски работи, како и градежните активности главно за земјени работи и конструкции“, гласи заклучокот во месечниот отчет на конзорциумот.

Во извештајот може да се види дека се работело на изградба на камп за работници и дека се врши ископ на градежен материјал, се чекаат и документи за урбани проекти од општините Тетово, Гостивар, Прилеп и Битола. Се споменува дека во тек е и геодетското координирање и мапирање, што според изведувачот е при крај, а поголемиот дел од работата на испитувањето на почвата бил завршен. Се осмислувал и дизајнот на придружните елементи како мостови, вијадукти, надвозници и потпорни ѕидови. Се вршело и отстранување на старата инфраструктура и се барале неексплодирани средства од минатите војни. Според отчетот, се внимавало и на животната средина. На крајот на јули биле ангажирани 1.389 работници. Дренажата, рамнењето и асфалтирањето не е започнато на ниту една од делниците.

Инаку Министерство за транспорт и врски како капитален расход на изведувачот преку ЈП „Државни патишта“ треба да му исплати износ од 15.100.000.000 денари во текот на 2024, пишува во официјалната програмаа, а во актот се вели дека средствата се проектирани согласно договорот со „Бехтел и Енка“ постигнат во март минатата година. Динамиката на исплатата треба да ја одредува надзорниот консултант.

Во програмата стои дека парите ќе се трошат за „капитални индиректни трошоци, односно се однесува на трошоци кои се задолжени од странски изведувач и се во функција на подршка на градежни активности вклучувајќи асистенција од специјалисти за технички, комерцијален и управувачки капацитет за надгледување на проектот и надгледување на активностите на проектот од персонал од главната канцеларија на изведувачот; – за изработка на проектна документација за изградба на автопатиштата, за проектирање и изведба на дислокации на подземни и надземни инсталации, подготвителни градежни активности на траса; – за градежни активности за изградба на траса, геомеханички истраги, геодетски работи, обезбедување на канцеларии и други потреби за надзорот и друго“

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy