Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Го празнуваме Светиот свештеномаченик Климент, епископ Анкирски
Македонија

Го празнуваме Светиот свештеномаченик Климент, епископ Анкирски

05/02/2024

AA

Роден 258 година во градот Анкира, од татко незнабожец и мајка христијанка. Неговата благочестива мајка Ефросинија му прорече на својот син маченичка смрт и го остави овој свет кога Климент беше на возраст од дванаесет години.

Нејзината другарка Софија го зеде Климент во својата куќа како сопствен син и го помогна неговото воспитание во христијански дух.

Климент беше толку прочуен заради неговиот добродетелен живот, што го избраа за епископ Анкирски во дваесеттата година од животот. Во младоста стекна старечка мудрост и со големо воздржание го скроти и победи своето тело. Се хранеше само со леб и зелје и не јадеше ништо заклано и крвно.

Во времето на Диоклецијан беше мачен толку страшно „како никој никогаш од постанокот на светот“. Во маки и затвори помина дваесет и осум години. Го малтретираа и мачеа единаесет разни мачители. Кога еднаш го удираа по лицето, го плукаа и му ги кршеа забите, му довикна на мачителот Дометијан: „Ми правиш чест Дометијане, а не ме мачиш, зашто вака беше биена устата на мојот Господ Исус Христос и вака Му беа удирани образите, а ти и мене недостојниот со тоа ме удостои“.

Кога го доведоа пред царот Диоклецијан во Рим, царот постави на една страна разни орудија за мачење, а на другата подароци, одликувања, облеки, пари – сè што би можел еден цар да дарува, па му рече на Климент да одбере. Христовиот маченик погледна на царевите подароци со презир и ги одбра справите за мачење.

Беше неискажливо мачен: парче по парче месо му откинуваа од телото, така што коските му се проѕираа под месото. Најпосле војниците го убија со меч, во 312 година, во црквата во Анкира, додека како архијереј служеше литургија. Чудата што ги изврши свети Климент немаат број.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Од Охридско езеро извлечено тело на 46-годишен маж од Грузија

13/08/2026
Македонија

Скопјанец си го пронашол починат сопствениот син!

13/08/2026
Македонија

Трагедија во Аеродром: Работник почина откако го прегазил виљушкар кој

13/08/2026
Македонија

МНР: Нема официјална бројка за евакуирани македонски државјани од пожарите

13/08/2026
Македонија

Ангелов: Спречена е голема катастрофа во село Лознани, но опасноста

13/08/2026
Македонија

Полицијата со детали: 13 лица споделувале лажни вести за водата

13/08/2026
Македонија

Секој плаќа за себе: Wolt ја воведе функцијата Split Payments

13/08/2026
Македонија

АЛАРМАНТЕН ПОРАСТ: Регистрирани 26 случаи на Западно-нилска треска – ова

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45010
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Од Охридско езеро извлечено тело на 46-годишен маж од Грузија

13/08/2026

На 12.08.2026 во 14:32 часот во СВР Охрид е пријавено дека од водите на Охридско езеро, кај Пештани, било извлечено

Скопјанец си го пронашол починат сопствениот син!

13/08/2026

Денеска (13.08.2026) во 12:02 часот во СВР Скопје, А.А.(71) од Скопје пријави дека околу 09:00 часот во семејниот дом го

Трагедија во Аеродром: Работник почина откако го прегазил виљушкар кој сам се придвижил

13/08/2026

На 12.08.2026 околу 12:25 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во круг на фирма на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy