Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Го користиме за многу јадења, но него го снемува на нивите и ќе биде поскап
Економија

Го користиме за многу јадења, но него го снемува на нивите и ќе биде поскап

18/08/2023

AA

Кромидот е
неизбежен дел од многу македонски јадења. Бучин е крушевско село познато по
долгата традиција на производство на кромид. Но, површините засадени со кромид
сега се многу помали од порано.

Причините зошто е
така се добро познати, а тоа е дека младите се иселуваат, старите не можат да
работат и проблем е пласманот. Ана Пачешкоска, директорка на основното училиште
„Свети Кирил и Методиј“ во Бучин, се занимава со земјоделство и вели дека
денес секоја десетта куќа во селото сади кромид, а тоа е многу помалку од претходно. Објаснува дека трошоците за производство се зголемени, мораат да
прскаат, а за разлика од порано кога се работело рачно, со мотика и наводнувале
од реката, сега користат машини и систем капка по капка. Но, тоа си повлекува
плус трошоци. Како што додава, сега кромидот го откупуваат на големо за 30 до
40 денари за килограм. Таа вели дека килограм не треба да падне под оваа цена
за да им се исплати трудот.

„Ние садевме 4
декари, а сега имаме 2 декари со кромид и на таа површина се раѓаат 10 тони
кромид. Селото има околу 280 aктивни куќи, зборувам за постојани жители, но има и луѓе кои живеат во
Прилеп или Битола, а садат кромид во селото. Има и жители кои воопшто не
садат кромид. Младите го избегнуваат земјоделството, затоа што оваа работа е
потценета. Пред 10 години се произведуваа 4.000 тони, а денес околу 400-500
тони“, вели Пачешкоска.

Објаснува дека и
во училиштето каде таа е директорка, одбележуваат Ден на кромидот.

„Во декември
одбележуваме Ден на кромидот, при што родителите на децата подготвуваат
специјалитети со кромид. Има богата трпеза, јадења кои вклучуваат кромид,
месено, јадења со компир, со месо и слично. Целта е децата да научат повеќе за
традицијата на селото“, вели директорката.

Се споменува дека во 1910
година во
селото почнал да се произведува бучинскиот кромид. Изминативе години се
случуваше град да ги оштети насадите по нивите. Земјоделската работа многу
зависи од временските услови.  Ако ги
погледнеме статистичките податоци на Државниот завод за статистика(ДЗС) на
годишно ниво во земјава се произведуваат над 50.000 или нешто над 60.000 тони
кромид. Во 2012 година имало послабо производство од 43.732 тони, а во 2016 се произведени 60.958 тони кромид. Просечниот
принос по хектар варирал од 12.000 до 17.000 килограми. Минатиот месец на
пазарите низ Македонија кромидот чинеше и до 80 денари за килограм.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и

28/09/2026
Македонија

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема

28/09/2026
Македонија

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели

28/09/2026
Македонија

ШЕСТ ЛИЦА УАПСЕНИ ПОД СОМНЕНИЕ ЗА ТЕРОРИЗАМ Неофицијално пронајдени снајперски

28/09/2026
Македонија

САКАМЕ РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА, НО МОРА ДА ИМА ПРЕДВИДЛИВОСТ Муцунски

28/09/2026
Македонија

📽️ ГЛИНЕНИ ГУЛАБИ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА СРПСКОТО ПОДЗЕМЈЕ Најмалку 16

28/09/2026
Македонија

СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПРИЗНА ДВЕ УБИСТВА, ЗА ДВЕ

28/09/2026
Македонија

ИЗЛЕТАЛ СО КАМИОН ОД ПАТОТ И ЗАГИНАЛ Тешка сообраќајна несреќа

28/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45856
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и водоснабдување до дигитални услуги

28/09/2026

На вечерашниот митинг во Општина Брвеница, во рамките на предвремените локални избори, под слоганот „Една Брвеница за сите! Да ја

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема температурна разлика низ земјава

28/09/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди нè очекува во поголемиот дел од земјава, а во југоисточните делови ќе има услови

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели дека тие се само за

28/09/2026

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски вечерва на митингот на партијата во Брвеница ја обвини СДСМ дека се противи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy