Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГЕРМАНСКИОТ СУПЕРБРЕНД ВО КРИЗА: „Volkswagen“ најави отпуштања, не исклучува и затворање фабрики во Германија
Економија

ГЕРМАНСКИОТ СУПЕРБРЕНД ВО КРИЗА: „Volkswagen“ најави отпуштања, не исклучува и затворање фабрики во Германија

03/09/2024

AA

Автомобилскиот гигант Фолксваген повеќе не ја исклучува можноста за затворање на фабрики и отпуштања во Германија како дел од програмата за намалување на трошоците на неговиот клучен бренд VW, објави компанијата.

Раководството на VW соопшти дека ќе го откаже долгогодишниот договор со работниците во Германија со кој се отфрлаат задолжителни отпуштања до крајот на 2029 година. Договорот е во сила од 1994 година.

Компанијата рече дека директорите веруваат дека брендот VW мора сеопфатно да се реструктуира и дека сегашните напори за намалување на работната сила преку пакети за предвремено пензионирање и доброволно отпуштање нема да бидат доволни за да се исполнат целите за штедење.

Дури и затворањето на фабриките за производство на возила и компоненти веќе не може да се исклучи во сегашната ситуација без брзи контрамерки, објави VW, пренесуваат медиумите во регионот.

Работничките лидери на VW рекоа дека ќе водат сеопфатна битка против плановите.

Даниела Кавала, која го предводи работничкиот совет во VW, ги нарече плановите „напад врз нашите вработувања, работни места и колективни договори“ во специјалното издание на весникот на работниот совет, Митбестимен, до кој дојде ДПА.

– Ова го доведува во прашање самиот VW, а со тоа и срцето на групата [Фолксваген]. Од ова жестоко ќе се браниме, им напиша Кавало на работниците. „Со мене нема да има затворање на фабриката на VW!, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во

10/08/2026
Македонија

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две

10/08/2026
Македонија

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026
Македонија

МВР: Селекцијата за полициското училиште е во тек, сите кандидати

10/08/2026
Македонија

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската

10/08/2026
Македонија

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026
Македонија

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по

10/08/2026
Македонија

Ѝ го украле ранецот на 67 годишна пензионерка во Центар,

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44951
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во здравствена установа, и им се

10/08/2026

На 09.08.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 16:50 часот во здравствена установа на подрачјето на

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две недели

10/08/2026

Во следните две недели не очекува претежно сончево и исклучително топло време, со високи дневни температури кои на моменти ќе

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026

До редакцијата на 4NEWS.MK се обрати читател од Драчево, кој алармира за сериозен проблем со натрупување отпад на паркинг-просторот спроти

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy