Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Комунална хигиена со реакција до Ѓорѓиевски: Срамота е да си градоначалник, а да немаш основно познавање на функционирањето на институциите
Македонија

Комунална хигиена со реакција до Ѓорѓиевски: Срамота е да си градоначалник, а да немаш основно познавање на функционирањето на институциите

12/07/2023

AA

Од ЈП Комунална Хигиена Скопје денеска испратија реакција по повод прес конференцијата на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

„Во отсуство на поелоквентен израз на комичната прес-конференција на градоначалникот на општина Кисела Вода, сакаме да го информираме – иако не сме сигурни дали ќе успее да разбере – дека со две камиончиња од по 800 килограми носивост, на ниту еден начин не помогнал во справувањето со кризата која ја предизвикаа токму тој и неговите партиски пријатели за што имаме и докази. Срамота е да си градоначалник, а да немаш основно познавање на функционирањето на институциите“, велат од таму.

Тие додаваат дека за два дена во Скопје се собрани 1.130 тони отпад кој бил наталожен поради дводневната блокада на КХС, која имаше за цел да изврши притисок врз раководството на претпријатието за задржување на семејни кланови кои одработуваат за интересите на политичката банда на која овој градоначалник припаѓа.

„Што се однесува на прашањето, зошто 11 месеци се чекало за да се изречат решенија за отказ, еве една кратка лекција: За разлика од бандитското однесување на кое сме сведоци три децении во институциите, ние спроведовме детална анализа како и ревизија пред да ги донесеме овие решенија. Поднесени се и кривични пријави, и испочитувана е цела постапка со цел во иднина овие луѓе да не можат повторно да наштетуваат на претпријатието и граѓаните на град Скопје. Жалиме што мораме да констатираме, но, овој пат се преигравте“, додаваат од таму.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АВТОМОБИЛ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ БОТУН, ПАДНАТО ДРВО ГО БЛОКИРА

27/11/2026
Македонија

ПЕТМИНА ЗЕЛЕ ПЛАТА, А ВООПШТО НЕ ОДЕЛЕ НА РАБОТА Пријавен

27/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА НАЈДОЛГО ЧЕКА, ЧУВСТВУВАМ НАЈГОЛЕМА БОЛКА ЗА НЕА Пирц-Мусар се

27/11/2026
Македонија

СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ОГРАБЕНА ЗЛАТАРНИЦА ВО КУМАНОВО Сторителите однеле злато,

27/11/2026
Македонија

БИ САКАЛ СИТЕ ДА БИДЕМЕ ВО ЕУ, НО ТАА МОРА

27/11/2026
Македонија

„СЛОВЕНИЈА И ХРВАТСКА НЕ НÈ ОСТАВИЈА САМИ НА ПАТОТ КОН

27/11/2026
Македонија

ПО РАСПРАВИЈА ПРЕКУ АПЛИКАЦИЈА СЕ СРЕТНАЛЕ НА ОБИКОЛНИЦАТА, ПА ПУКАЛ

27/11/2026
Македонија

„БАБА НАДЕ“ НЕ Е „БАБА НАДЕ“ КАКВА ШТО МИСЛИТЕ! Немало

27/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46969
  • Регион 4000
  • Свет 23
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АВТОМОБИЛ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ БОТУН, ПАДНАТО ДРВО ГО БЛОКИРА СООБРАЌАЈОТ Целосен прекин на магистралата

27/11/2026

Сообраќајот на магистралниот пат Охрид – Скопје вечерва е целосно во прекин кај селото Ботун, откако патничко возило излетало од

ПЕТМИНА ЗЕЛЕ ПЛАТА, А ВООПШТО НЕ ОДЕЛЕ НА РАБОТА Пријавен раководител на „Водостопанство“ во Кочани

27/11/2026

Раководител на подружницата „Брегалница“ на „Водостопанство“ во Кочани е кривично пријавен под сомнение дека овозможил пет лица да земаат плата

МАКЕДОНИЈА НАЈДОЛГО ЧЕКА, ЧУВСТВУВАМ НАЈГОЛЕМА БОЛКА ЗА НЕА Пирц-Мусар се надева на брзо решавање на

27/11/2026

Земјите од Западен Балкан мора да станат дел од Европската Унија. Тоа е основната цел на Процесот Брдо-Бриони. Мирот и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy