Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Газда Деко плачејќи тврди „И ние имаме загинат и повреден, ја носиме истата болка“ – родителите му дофрлија: „Ништо не знаеш!“
Македонија

Газда Деко плачејќи тврди „И ние имаме загинат и повреден, ја носиме истата болка“ – родителите му дофрлија: „Ништо не знаеш!“

02/12/2025

AA

„Девет месеци сум затворен во четири ѕида и секој еден ден ја преживувам таа трагична ноќ.“

Со овие зборови и со солзи во очите, првообвинетиот сопственик на „Пулс“, Дејан Јованов – Деко, за првпат проговори пред судот и пред семејствата на загинатите. Тој тврди дека како родител никогаш свесно не би дозволил да фали нешто во објектот каде што излегувале и неговите деца.

„Зарем сериозно мислите дека ако знаев дека фали нешто, не би презел сѐ? Имам пораснато десетина генерации, сите знаат како се грижев за безбедноста“, рече Јованов низ солзи.

Во обид да се поистовети со болката на семејствата, тој откри детал кој досега не беше акцентиран: „И ние во нашата фамилија имаме починато и едно повреден, и затоа ја носиме истата болка што и вие ја носите.“

Сепак, ова не наиде на разбирање кај родителите во публиката, кои револтирано му дофрлија: „Ништо не знаеш!“

„Зошто го гоните Михајло?“ Јованов го искористи своето обраќање и да застане во одбрана на обвинетиот Михаил Јованов (третообвинет во актот). „Едно не ми е јасно, зошто Михајло е обвинет? Тој немаше никакви обврски, ниту допирни точки со работата на клубот. Тој си имаше негова фирма за дистрибуција“, истакна Деко, обидувајќи се да го амнестира од вина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГЕРАПЕТРИТИС МУ ЧЕСТИТАШЕ НА МУЦУНСКИ Грција го пофали напредокот во

23/11/2026
Македонија

КАШЕСТ СНЕГ НА ПАТИШТАТА ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА „Македонијапат“ предупредува и

23/11/2026
Македонија

20 ОТСТО ПОЕВТИНИ СТАНОВИ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ПАРОВИ Мицкоски најави

23/11/2026
Македонија

ФОРМИРАН НАЦИОНАЛЕН КОМИТЕТ ЗА ЗАШТИТА НА НОВИНАРИТЕ Ќе се следат

23/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА ИДНИНА СЕ ГРАДИ СО РАБОТА, А НЕ СО ПОЛИТИЧКИ

23/11/2026
Македонија

ЛАЖЕЛ ДЕКА ТУРЦИТЕ ИМААТ ПРОБЛЕМ СО ПРЕСТОЈОТ, ПА ЗЕЛ ПОТКУП

23/11/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ ГИ ТРГА ПАРКИРАНИТЕ ВОЗИЛА ОД ТУРИСТИЧКА Засилени мерки

23/11/2026
Македонија

САЈБЕР-НАПАД ВРЗ УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Дигиталните сервиси се обновуваат, од

23/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46901
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГЕРАПЕТРИТИС МУ ЧЕСТИТАШЕ НА МУЦУНСКИ Грција го пофали напредокот во дигитализацијата и реформите

23/11/2026

Македонија постигнала значителен напредок во дигиталната трансформација, усогласувањето со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија и реформите во

КАШЕСТ СНЕГ НА ПАТИШТАТА ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА „Македонијапат“ предупредува и на можни одрони

23/11/2026

Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива по влажни коловози, а во западните делови од земјата, на некои повисоки места,

20 ОТСТО ПОЕВТИНИ СТАНОВИ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ПАРОВИ Мицкоски најави посебен закон и услов за

23/11/2026

Владата подготвува специјален закон со кој градежните компании ќе бидат обврзани да понудат станови со 20 отсто попуст за млади

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy