Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Деко бил во заблуда дека работел законски! „Институциите молчеле“, рече одбраната и додаде дека не знаел дека ДНК ќе користи пиротехника
Македонија

Деко бил во заблуда дека работел законски! „Институциите молчеле“, рече одбраната и додаде дека не знаел дека ДНК ќе користи пиротехника

02/12/2025

AA

„Дејан не договорил, ниту му било кажано дека има интенција да се користи пиротехника. Тој не знаел за тоа.“

Ова е главната теза на одбраната на првообвинетиот Дејан Јованов. Неговата адвокатка, Ивана Коцевска, пред судскиот совет тврди дека кобната пиротехника била донесена и искористена од музичката група „ДНК“ без знаење на сопственикот.

„Точно е дека и претходно се користела пиротехника, но тоа што јавноста не го знае е дека Дејан секогаш ангажирал пиротехничар кој проверувал дали е безбедно. Овој пат тој не знаел,“ истакна Коцевска.

Таа се осврна и на популарната група, користејќи внимателен, но обвинувачки тон: „Сите ние израснавме со ДНК, сите ги сакавме и ден денес ги сакаме, беа најголеми хуманитарци. Но, за жал, тоа не го побива фактот дека нивната употреба на пиротехника била спротивна на закон.“

„Деко бил во заблуда дека работи законски“ Вториот столб на одбраната е дека Јованов бил уверен оти локалот е безбеден бидејќи институциите молчеле. „Од отворањето на ’Пулс‘, ниту еден службеник не му предочил законски пропуст. Кај Дејан имало заблуда,“ рече адвокатката, додавајќи дека ако постои вина, таа може да биде само од небрежност, а никако со умисла, како што тврди обвинителството.

Одбраната исто така приговори на правната квалификација, сметајќи дека е нелогично ОЈО да го терети Јованов двапати за исто кривично дело (еднаш за пожарот, еднаш за мерките).

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44939
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

На прославата за 35 години независност се појави знаме со повеќе краци од државното

09/08/2026

Во Охрид вечерва на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, настан организиран за одбележување на

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот во Охрид

09/08/2026

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер денеска во Куќата на МАНУ во Охрид ја прими Светската награда на хуманизмот за 2026 година,

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026

Општина Велес утре во раните утрински часови ќе го спроведе третото авионско третирање против комарци. Со прскањето ќе бидат опфатени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy