Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Гас, гас, дај гас! Кои се господари на октаните во Македонија, направија 2,5 милијарди евра приход?
Економија

Гас, гас, дај гас! Кои се господари на октаните во Македонија, направија 2,5 милијарди евра приход?

23/05/2023

AA

ОКТА останува неприкосновен увозник на нафтени деривати, а „Макпетрол“ и понатаму е најголем продавач на горива на мало. Но во структурата на господарите на октаните има измени. Особено кај трговците на големо од кои еден дури и успеа според приходите да го надмине „Лукоил“ вториот најголем ланец на бензински пумпи. Меѓу помалите трговци на големо лани особено изненади РКМ кој благодарејќи на државниот бизнис со ЕСМ направи обем, а излезе најпрофитабилен во својата конкуренција 

Над 2,5 милијарди евра плативме за дизели, бензин, автоплин и мазут во 2022 година. Минатата година со консензус може да го добие префиксот година на мазутот и покрај тоа што ќе остане запаметена како период на галопирачки цени на нафтените деривати и година на бројни неизвесност и неверојатно висока инфлација. Но и уште еден многу важен факт! Лани вкупниот увоз на нафтени деривати во земјава надмина 1,3 милијарди тони и порасна за 21 отсто во споредба со 2021 година.

Македонија, според официјалните податоци, има повеќе од 750.000 возила на моторен погон од кои над 600.000 се автомобили кои се регистрираат во патниот промет. Другото се автобуси, камиони, градежни и специјални машини и моторцикли од најразлични величини. И не се само тие. Голем дел од нашата индустрија користи фосилни горива како погонско гориво за своите производи и услуги, а годинава на сцената стапи и ладната резерва на електросистемот – ТЕЦ Неготино најголемиот потрошувач на мазут во Македонија. И на сите овие понапред набројани им треба „чорба“ односно погонско гориво за да се покренат.

А тоа значи полни раце работа за трговците со горива, како на големо така и на мало. Податоците на Регулаторната комисија за енергетика покажуваат дека минатата година Македонија конзумирала 841.000 тони дизел горива, 120.000 тони бензини и речиси 220.000 тони мазут.

Кои се господари на октаните?

Очекувано ОКТА и Макпетрол остануваат најголеми пазарни учесници на македонскиот пазар на нафтени деривати. Поранешата скопска рафинерија, а сега најголема компанија за трговија на големо – ОКТА е доминантна на тој сегмент. Според податоците од РКЕ, ОКТА лани увезла 76 отсто од целиот увоз на нафтени деривати во земјава. Скопски „Супертрејд“ е втор по големина и во увозот учествува со 8,5 отсто, а трет е „Лукоил“ со 7 отсто. Од фирмите на нашата ранг листа меѓу увозниците се уште Црна река Петрол со 2 отсто, РКМ со 1,3 отсто и Дади Оил со 0,25 отсто.

Макпетрол е најголем продавач на нафтени деривати на мало затоа што има традиција подолга од 75 години, но и наjмногу бензински пумпи ширум Македонија.

Интересно е тоа што скопски „Супертрејд“ на нашиот пазар се позиционира како најголем меѓу помалите гросисти на пазарот на големо со нафтени деривати. Годинава направи приход поголем од 200 милиони евра.

Во оваа конкуренција од позадина и неочекувано како големо изненадување изби во преден план виничката фирма Дади Оил која успеа да ги надмине конкурентите Црна река Петрол и Пуцко Петрол.

Кој е кралот на мазутот?

Снабдувачот на ЕСМ односно на ТЕЦ Неготино и на РЕК Битола со мазут лани имаше година за паметење. Станува збор за скопската трговска компанија РКМ која вработува само 7 лица, а во јавноста беше многу присутна токму поради условите под кои доби два огромни тендери за снабдување со мазут на ТЕЦ Неготино. Токму тие зделки на оваа компанија и донесоа огромен раст на приходот и феномелна добивка од 885.714 евра по вработен, податок на кој може да им позавиди цела бранша.

Работењето на РКМ го илустрираме и преку зголемениот конзум на мазут што во најголема мерка е резултат на работата на ТЕЦ Неготино. Имено во 2021 година Македонија потрошила 104.000 тони мазут, а лани дури 220.000 тони мазут. Дуплираниот увоз на ова најзагадувачко гориво од сите фосилни горива увезени кај нас е во голема мерка резултат на ангажманот на ТЕЦ Неготино. 

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и

28/09/2026
Македонија

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема

28/09/2026
Македонија

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели

28/09/2026
Македонија

ШЕСТ ЛИЦА УАПСЕНИ ПОД СОМНЕНИЕ ЗА ТЕРОРИЗАМ Неофицијално пронајдени снајперски

28/09/2026
Македонија

САКАМЕ РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА, НО МОРА ДА ИМА ПРЕДВИДЛИВОСТ Муцунски

28/09/2026
Македонија

📽️ ГЛИНЕНИ ГУЛАБИ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА СРПСКОТО ПОДЗЕМЈЕ Најмалку 16

28/09/2026
Македонија

СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПРИЗНА ДВЕ УБИСТВА, ЗА ДВЕ

28/09/2026
Македонија

ИЗЛЕТАЛ СО КАМИОН ОД ПАТОТ И ЗАГИНАЛ Тешка сообраќајна несреќа

28/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45856
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и водоснабдување до дигитални услуги

28/09/2026

На вечерашниот митинг во Општина Брвеница, во рамките на предвремените локални избори, под слоганот „Една Брвеница за сите! Да ја

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема температурна разлика низ земјава

28/09/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди нè очекува во поголемиот дел од земјава, а во југоисточните делови ќе има услови

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели дека тие се само за

28/09/2026

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски вечерва на митингот на партијата во Брвеница ја обвини СДСМ дека се противи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy