Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Галуп: Половина од Американците се плашат за парите на нивните банкарски сметки
Економија

Галуп: Половина од Американците се плашат за парите на нивните банкарски сметки

10/05/2023

AA

Речиси половина од Американците стравуваат за парите на нивните банкарски сметки поради актуелните превирања во американскиот банкарски систем, како и финансиската криза во 2008 година, покажува истражувањето на Галуп.

Вкупно 48 отсто од испитаниците стравуваат за своите пари, вклучително и 19 отсто кои се „многу загрижени“, според анкетата на Галуп.

Околу 30 отсто од испитаниците „не се премногу загрижени“, а 20 отсто „воопшто не се загрижени“ за парите што ги депонирале на нивните банкарски сметки.

Анкетата покажа јаз меѓу испитаниците со високо образование и оние без диплома. Дури 54 отсто од Американците без диплома и 36 отсто од оние со диплома изразиле загриженост за парите на нивната банкарска сметка.

Стравот од губење готовински депозити го мачи приближно секој друг испитаник кој живее во домаќинство со годишен приход до 100 илјади долари, пренесуваат медиумите во соседството. 

Во категоријата со повисоки примања загриженост изразиле 40 отсто од нив.

Галуп шпекулира дека граѓаните со пониски приходи и оние без факултетска диплома може да бидат загрижени бидејќи не знаат дека депозитите до 250.000 долари се осигурани од Федералната агенција за осигурување на депозити (FDIC).

Друга можна причина е можеби незадоволството од актуелната администрација или состојбата на американската економија, забележуваат тие.

Галуп последен пат ја измери загриженоста на Американците за парите на нивните банкарски сметки во 2008 година, во екот на финансиската криза, со многу слични резултати. 

Така, во истражувањето спроведено во септември 2008 година, 45 отсто од Американците изјавиле дека се плашат за безбедноста на готовинските депозити.

Тековната анкета беше спроведена од 3 до 25 април, по колапсот на Силиконската долина банка и Сигнач банка и пред колапсот на Првата Република.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МЛАДИТЕ ШТО ПРОТЕСТИРААТ ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ИМААТ СОГОВОРНИК ВО ПРЕМИЕРОТ Мицкоски

22/11/2026
Македонија

20% ПОВЕЌЕ УСЛУГИ ЗА СТУДЕНТИТЕ И ЗА МЛАДИТЕ Поволностите ќе

22/11/2026
Македонија

СТАНОВИТЕ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ДВОЈКИ ЌЕ БИДАТ ЗА 20% ПОЕВТИНИ

22/11/2026
Македонија

ПОЧИНА БИЗНИСМЕНОТ БОШКО РЕМИС Се занимаваше со градежништво и со

22/11/2026
Македонија

НЀ ОЧЕКУВА ДОЖДЛИВА НЕДЕЛА На планините ќе има снег

22/11/2026
Македонија

ПОТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТО ЛИЦЕ ВО ГОСТИВАР Се пребарува и по

22/11/2026
Македонија

РАМА ТВРДИ ДЕКА АЛБАНИЈА НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ПОПРЕЧУВА ПАТОТ

22/11/2026
Македонија

ONE STOP SHOP ПОЧНА ДА ФУНКЦИОНИРА НА ЌАФАСАН Мицкоски и

22/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46886
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МЛАДИТЕ ШТО ПРОТЕСТИРААТ ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ИМААТ СОГОВОРНИК ВО ПРЕМИЕРОТ Мицкоски ѝ порача на опозицијата да

22/11/2026

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска им порача на младите кои протестираа против насилството врз жените, дека во

20% ПОВЕЌЕ УСЛУГИ ЗА СТУДЕНТИТЕ И ЗА МЛАДИТЕ Поволностите ќе се користат преку апликацијата м.услуги

22/11/2026

Како трета мерка за младите премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, најави 20 проценти поголеми услуги за студентите и

СТАНОВИТЕ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ДВОЈКИ ЌЕ БИДАТ ЗА 20% ПОЕВТИНИ Фирмите ќе бидат задолжени да

22/11/2026

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од конференцијата на Унијата за млади сили на партијата, најави три клучни

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy