Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГАК со демант: Случајот со смртта на бебето се истражува согласно протокол
Македонија

ГАК со демант: Случајот со смртта на бебето се истражува согласно протокол

16/12/2025

AA

ЈЗУ Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство денеска демантираше информации објавени на порталот „Слободен печат“ на 15.12.2025 под наслов: „Скандал на ГАК: Сомнителна смрт на бебе скриена од семејството – педијатарка го реинтубирала 20 минути“.

Во соопштението се нагласува дека Клиниката е акредитирана терцијарна установа со најголем број породувања и со современо одделение за интензивна нега на предвреме родени деца. Клиниката располага со стручен кадар – педијатри, неонатолози и среден медицински персонал – кој секојдневно се грижи за новородените пациенти.

„Наводите во објавениот текст се шпекулативни и упатуваат на лекарска грешка при лекување на новородено бебе“, велат од Клиниката. Се додава дека во случај на смрт на новородено бебе се постапува согласно законски пропишан протокол, кој предвидува разгледување на случајот од комисијата за квалитет. Во овој конкретен случај комисијата не утврдила пропуст во третманот, а обдукцијата – која е единствен и конечен доказ за утврдување на причината за смртта – сè уште не е завршена.

„До добивање на наодот од обдукцијата, Клиниката не смее да превземе понатамошни чекори во случајот. Секое претходно толкување на можниот исход претставува прејудицирање“, велат од Клиниката.

Во однос на пријавата за наводно несоодветно однесување на докторка, Клиниката истакнува дека веднаш е постапено согласно препорака на началничката на одделението, а вработената е прераспределена на друго работно место.

„Ја разбираме потребата за сензационализам, но таа не смее да биде поголема од потребата да се дознае вистината. По настанувањето на случајот, преземени се сите мерки и постапки за објективна истрага, нештитејќи никого. Ако се утврди лекарска грешка, ќе бидат преземени најстрогите мерки“, соопштуваат од ГАК.

Клиниката исто така изразува сочувство до семејството за загубата на новороденото и апелира до јавноста да не се шират дезинформации кои можат да создадат дополнителен немир.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
Македонија

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина

20/09/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА ЗА ФОТЕЛЈИ Димитриевски даде отчет

20/09/2026
Македонија

СУДАР КАЈ „ТУЛАНАТА“ НА ПАТОТ БИТОЛА-ПРИЛЕП ОДНЕСЕ ЖИВОТ НА ТИНЕЈЏЕРКА

20/09/2026
Македонија

САКАЛ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД МАКЕДОНИЈА КАКО „ИТАЛИЈАНЕЦ“ Со себе имал

20/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ НА БЈБ ЧЕШЛА КРАЈ СТРУГА Во Радожда контролирале

20/09/2026
Македонија

СЕДМИЦАТА ЌЕ БИДЕ СВЕЖА, ЌЕ ПОЧНЕ СО ДОЖДОВИ Ветрот локално

20/09/2026
Македонија

ТРАГЕДИЈА КАЈ АГИНО СЕЛО, ДВАЈЦА ЗАГИНАА ВО НЕСРЕЌА Возач на

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45692
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да ги испита фотките и изјавата

20/09/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков најави дека денеска ќе поднесе кривична пријава против Јон Фрчкоски од СДСМ и непознати лица.

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина во Словенија, момчето е тешко

20/09/2026

Седумгодишно момче тешко се повредило откако паднало во кањон кај водопадот Савица во Бохињ, а неговиот 44-годишен татко, откако ги

ЗНАМ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА ЗА ФОТЕЛЈИ Димитриевски даде отчет за две години работа во

20/09/2026

Две години работа, две години резултати, една љубов – Македонија. Со ова мото Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy