Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Фрчкоски до ВМРО-ДПМНЕ: Ја презедов одговорноста за минатото, борбата сега започна и нема да застане додека не ја ослободиме Македонија!
Македонија

Фрчкоски до ВМРО-ДПМНЕ: Ја презедов одговорноста за минатото, борбата сега започна и нема да застане додека не ја ослободиме Македонија!

22/12/2025

AA

Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ, денеска излезе со вонредна прес конференција во која им порача на ВМРО-ДПМНЕ дека Антикорупцискиот тим на СДСМ им „дише“ во врат.

„Денес ја свикав оваа вонредна прес-конференција за конечно и јасно да одговорам на она што ДПНЕ веќе со денови го пласира во јавноста. Пред сè, сакам да ви објаснам зошто го прават тоа.

По изгласувањето на Резолуцијата со која наводно се брани власта од дезинформации всушност се забранува вистината и слободата на говорот. Вакви работи правел Хитлер во времето на Третиот рајх. Темата „мигранти за пари“ очигледно многу ги боли.

Измислуваат кривични пријави, па дури и се закануваат со апсења по изгласувањето на Резолуцијата. Бидејќи на сите во Македонија им е јасно дека постои таен договор, една непристојна понуда за мигранти што ветува пари, за да можат да продолжат со тендери како што се: 161 тендер. 161, само почнете да броите до 161… во вредност од 5,3 милиони евра, доделени на фрима во врска со Томовски, со неговиот телефонски број, неговиот татко, дедо…

На крај, да завршат со иплати за донации во ВМРО-ДПМНЕ. 9 милиони евра за друга фирма, со две вработени лица, формирана лани.

Трета фирма со милиони евра тендери за само два месеци, поврзана со студент на Мицкоски. Алта банка и врските со СНС на Вучиќ кои ги има ВМРО-ДПМНЕ.

Верувајте ми, ова е само почеток на откривањето на сите криминално-корупциски шеми и афери на ДПМНЕ. Покрај сите податоци до кои дојде АКТ, нашата платформа Micko.mk секојдневно прибира нови информации. Граѓаните ни се приклучија во оваа борба против корупцијата и криминалот.

Откако поднесовме пријави за овие предмети, настана паника. Знаат дека ќе одговараат. Затоа Мицкоски брза со „реформи“ во правосудството, за целосно да го стави под свои канџи целото судство и обвинителство.

Веќе 20 дена чекаме одговор. Сè уште го нема. Вршат притисоци преку медиумите, а веројатно и преку свои други канали. Мицкоски не може да дозволи неговиот најдобар пријател да биде обвинет, затоа што знае дека постапката ќе стигне и до него.

Ова е кристално јасно. Ова и децата го гледаат.

Одеднаш почнуваат да излегуваат вести за СДСМ, за наводни тендери со кои СДСМ нема никаква врска. На секоја вест ни го лепат ДУИ. Ова нивното е чист дефокус. Да постоеше нешто реално, одамна ќе реагираа. Сега ова е нивен сензационализам со цел да ги прикријат двете главни теми:

„Мигранти за пари“ и забраната на слободата на говор со изгласаната Резолуција, по примерот на Декретот од Третиот рајх. И сега да се вратам на причината поради која ве повикав.

ДПМНЕ, во рамки на својата кампања „Дефокус“, објавува мои фотографии и текстови за мене, а во сето тоа го споменуваат и мојот татко, кој нема никаква врска со ова. Следно што можеме да очекуваме е да ми ја таргетираат целата фамилија.

Она што е важно да им го објаснам на граѓаните на Македонија е: дали знаете кога го објавија тоа? Токму после денот кога јас држев прес-конференција поврзана со трагедијата во Кочани.

Дали сега гледате зошто го направија тоа? За да ја дефокусираат јавноста од трагедијата за која имаат одговорност. Сетете се на изјавата на Мицкоски: „Ако се докаже дека обезбедувањето има врска со ДПМНЕ, ќе поднесам оставка.“ И што се случи? Секако, не поднесе оставка, како што не поднесе никој околу него. Тие немаат образ, а за срам никогаш не чуле.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЧНА ОД ПОЧЕТОК СУДЕЊЕТО НА 13 ПОЛИЦАЈЦИ ЗА ПОЖАРОТ ВО

21/09/2026
Македонија

📷 УКРАДЕН СЕФ ОД 400 КГ, ОРУЖЈЕ И НАКИТ ВРЕДНИ

21/09/2026
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ПОНУДИЛ ИМОТ ОД 200.000 ЕВРА ГАРАНЦИЈА ДЕКА НЕМА

21/09/2026
Македонија

📷 ПАДНА ГРУПА ОСОМНИЧЕНА ЗА ШВЕРЦ НА ЛЕКОВИ Полицијата тресе

21/09/2026
Македонија

СЕРИЈА ТЕШКИ КРАЖБИ ВО ТЕТОВСКО, ПАДНАЛ И СЕФ ОД 400

21/09/2026
Македонија

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК

20/09/2026
Македонија

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер

20/09/2026
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45699
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЧНА ОД ПОЧЕТОК СУДЕЊЕТО НА 13 ПОЛИЦАЈЦИ ЗА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“ Еден поротник си заминал,

21/09/2026

Судскиот процес против 13 полициски службеници обвинети за Tешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот и трагедијата во кочанската

📷 УКРАДЕН СЕФ ОД 400 КГ, ОРУЖЈЕ И НАКИТ ВРЕДНИ 250.000 ЕВРА ВО ТЕТОВСКО Полицијата

21/09/2026

Сеф тежок околу 400 килограми, пари, златен накит и оружје се дел од пленот во серијата тешки кражби во тетовско,

ГАЗДА ДЕКО ПОНУДИЛ ИМОТ ОД 200.000 ЕВРА ГАРАНЦИЈА ДЕКА НЕМА ДА БЕГА Притворот му истекува

21/09/2026

Првообвинетиот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Дејан Јованов Деко, понудил недвижен имот проценет на околу 200.000 евра како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy