Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ФРЧАТ“ ТРАНСАКЦИИ СО АКЦИИТЕ НА „РЕПЛЕК“: КОЈ ГИ ЗАСИЛУВА, А КОЈ ГИ БРАНИ ПОЗИЦИИТЕ? – Туџарова излегува од акционерската структура
Економија

„ФРЧАТ“ ТРАНСАКЦИИ СО АКЦИИТЕ НА „РЕПЛЕК“: КОЈ ГИ ЗАСИЛУВА, А КОЈ ГИ БРАНИ ПОЗИЦИИТЕ? – Туџарова излегува од акционерската структура

26/09/2023

AA

„Реплек“ станува дефинитивно една од
најинтересните компании за купување и продавање акции во државава. Деновиве повторно се случила блок
трансакција, и тоа на прилично значаен број акции и солидна сума која за нив
била платена, а која надмина половина милион евра.

Фактот што на Берзата постојано
„фрчат“ блок трансакции, а акции се купуваат и продаваат и на редовното
берзанско тргување, говори дека оваа компанија е под постојан инвеститорски
интерес.

А, зошто е тоа така?

Причините веројатно би требало да се
бараат во фактот што акционерската структура на таа компанија е прилично
разнолика, односно постојат неколку акционери кои поседуваат
акционерски пакети што надминуваат пет проценти од капиталот и затоа се видливи
за јавноста, но притоа не станува збор за големи или доминантни проценти на
акции, кои би гарантирале мир и спокојство кај некој од акционерите, во смисла
на обезбедено сопственичко упориште во компанијата. Финансиките резултати на компанијата и нејзиниот разработен бизнис веројатно
ги зголемува апетитите кај многу деловни играчи во земјава и тие да посакаат да
добијат дел од сопственичкиот колач, а не е исклучено во иднина кај нив да се
родат и некакви поамбициозни желби во тој поглед.

Како што е познато, долго време во
сопственоста но и во менаџирањето на „Реплек“ доминираше семејството Туџарови,
но тие излегоа од компанијата, а раководната палка ја презедоа браќата Пецоски,
кои се најголемите акционери во компанијата во моментов. Токму во моментов Душан Пецовски
поседува нешто над 12 отсто од акциите, додека, пак, Владимир Пецовски
располага со 6,27 отсто, или двајцата заедно поседуваат пакет од над 18
проценти. Еден од акционерите е и компанијата „Настел“ на бизнисменот Зоран
Азманов, која долго време се задржува на пакетот од 9,38 отсто, а и самата
компанија „Реплек“ поседува 8,14 отсто сопствени акции, кои всушност компаниите
ги купуваат за да го штитат својот капитал и цената на акцијата. Сава
пензискиот фонд има 6,4 отсто, а фирмата „Ситко“ 6,37 проценти.

И, еден нов акционер, кој всушност и
претходно имал акции во „Реплек“, но тие биле под пет отсто, а по последното
купување акции јасно се виде во акционерската структура, е синџирот на лаборатории
„Биотек“, кој според најновата ситуација во депозитарот, сеуште има 6,3 отсто
од акциите.

Она што е видливо од последната
објава на ЦДХВ, е дека од акционерската структура на „Реплек“ постепено и
речиси целосно излегува Славица Туџарова-Трајковска, која претходно имаше
повеќе акции, но ги продаваше во неколку наврати, а според последните јавно
достапни информации имаше пакет од нешто над 3 проценти, иако не се знае дали и
него го продала, или сепак дел задржала, бидејќи не може да се види кој колку
акции поседува ако тоа е помалку од 5 отсто.

Во „Реплек“ има и поситни акционери,
односно 250 домашни физички лица и 11 правни лица, како и 11 странци и една
странска компанија.

Последната блок трансакција се
случила во петокот минатата недела, и во неа биле продадени 500 акции, по цена
од 68 илјади денари за акција, што значи дека некој познат купувач за ова
количина акции платил 553 илјади евра, што воопшто не е сума за потценување. 
И процентот на акции кој е продаден
на таа петочна блок трансакција не е сосема безначаен, односно биле продадени
близу 2 проценти од вкупниот капитал, или прецизно 1,93 проценти.

Кој ги купи а кој ги продаде овие
акции ќе се знае веројатно деновиве, кога или тоа ќе го објави самата
компанија, или во понеделник идната недела кога состојбата ќе се отслика на
Централниот депозитар.

Денеска, пак, на Берзата имало и
редовно тргување на класичниот пазар, при што биле истргувани само 3 акции, но
тие постигнале значително повисока цена, од 85 илјади денари за акција.

Фактор на брифинг за медиумите го
праша менаџментот на компанијата на што се должи овој интерес за купување на
акциите на „Реплек“, и дали кај нив постои стравување од евентуални обиди за
преземање на компанијата, кое би можел да го иницира некој од сегашните
акционери, или, пак, некакво нивно здружување, или, пак, некој сосема
трет.

„Тоа е најдобар доказ за добрите
финансиски резултати, стабилноста и перспективноста на компанијата. Ништо не е
исклучено, но најважно е овој квалитет на работењето да продолжи, како и
довербата од купувачите и деловните соработници“, е одговорот кој го добивме од
Душан Пецовски, најголемиот акционер и во исто време генерален директор на
компанијата.

Компанијата неодамна извести дека Европската агенција за
лекови (ЕМА) по четврти пат го
потврди високиот квалитет на производите на „Реплек“, доделувајќи го
сертификатот – 
EUGMP (Good manufacturing practice). Овој сертификат е потврда за
добрата производна пракса согласно највисоките стандарди на Европската Унија. 

Инаку, компанијата Биотек“ која е новиот
звучен акционер во Реплеке позната по својот синџир на лаборатории, кои, заедно со другите
„колеги“ од индустријата, направија милионски профити тестирајќи ги граѓаните
на ковид вирусот, за што наплатуваа солиднии суми, во време кога јавното
здравство не можеше да обезбеди доволно тестови. Лани Биотек имал приходи од 11,5 милиони евра и добивка од 1,4 милиони
евра.
Во 2021 година, пак, наплатиле 6,1 милиони евра, а добивката во 2021 достигнала 2,6
милиони евра.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Уапсена снаа од Кавадарци, и се заканувала на свекрвата!

04/08/2026
Македонија

Сосед истепал сосетка во скопски Петровец

04/08/2026
Македонија

Временска прогноза за следните 14 дена: Не очекува топол бран

04/08/2026
Македонија

ЦУК: Регистрирани 14 пожари на отворен простор — активен само

04/08/2026
Македонија

44 акциски контроли за санкционирање на незаконит риболов во јуни

04/08/2026
Македонија

Водата во Гостивар сѐ уште е само за техничка употреба:

04/08/2026
Македонија

Велес се прости од д-р Никола Стојановски: Со државни почести

04/08/2026
Македонија

Доенчиња помлади од шест месеци не треба да се мачкаат

04/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44854
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Уапсена снаа од Кавадарци, и се заканувала на свекрвата!

04/08/2026

На 03.08.2026 во 22:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишиja од слобода Д.П.(41) од Кавадарци, постапувајќи по претходна

Сосед истепал сосетка во скопски Петровец

04/08/2026

На 04.08.2026 во 07:10 часот во СВР Скопје, К.К.(60) пријави дека била физички нападната од нејзиниот сосед Б.Ј.(64), двајцата од

Временска прогноза за следните 14 дена: Не очекува топол бран со температури до 38 степени

04/08/2026

Во текот на следните две недели не очекува стабилно, сончево и исклучително топло време, со високи дневни и тропски ноќни

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy