Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕВЕ ЗА ШТО ЌЕ СЕ КОРИСТАТ ПАРИТЕ ОД ДАНОКОТ НА СОЛИДАРНОСТ: Бесими ги соопшти деталите
Економија

ЕВЕ ЗА ШТО ЌЕ СЕ КОРИСТАТ ПАРИТЕ ОД ДАНОКОТ НА СОЛИДАРНОСТ: Бесими ги соопшти деталите

26/09/2023

AA

Средствата  од Законот за данок на солидарност ќе одат само за програма П1 во Буџетот за антикризни мерки, истакнува министерот за финансии Фатмир Бесими. 

Законот за данок на солидарност, како што рече вечерва во гостување на ТВ 24, е објавен во Службен весник заедно со Правилникот, а од УЈП има известување на нивната веб страница.

– Има соодветно известување и тоа треба да се спроведе. Законската обврска е јасна. Пролонгиран е рокот за доставување на обрасците за седум дена. Законот се однесува на посебен данок и е надвор од даночниот систем, еднократен е и различен од другите давачки кај нас, односно се одредува дека средствата што ќе се соберат од оваа јавна давачка ќе одат само за програма П1 што е во Буџетот за антикризни мерки. Се утврдува точно методологијата на пресметка и не се основа со даночната пријава, туку е посебен документ, појасни Бесими.

Повтори дека ќе има антикризни мерки и оти еден дел се 100 милиони евра од ЕИБ, а за 50 милиони евра во ноември ќе одлучува Банката за развој на Советот на Европа.

Министерот најави дека задутре ќе се објави прв проспект за прва зелена еврообврзница во вредност од 10 милиони евра.

– Ќе има зелена обврзница која е во фондот за енергетска ефикасност, во среда ќе се објави проспектот. Наредната недела ќе има аукција за дополнителнни 10 милиони евра за енергетска ефикасност за мали и средни претпријатија. Дополнителни 600 милиони денари даваме за домашни компании за договори што се потпишани во Владата за инвестиции, како и дополнителни 200 милиони денари за странски фирми што инвестираат кај нас и 300 милиони денари во ТИРЗ, најави министерот за финансии.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Уапсена снаа од Кавадарци, и се заканувала на свекрвата!

04/08/2026
Македонија

Сосед истепал сосетка во скопски Петровец

04/08/2026
Македонија

Временска прогноза за следните 14 дена: Не очекува топол бран

04/08/2026
Македонија

ЦУК: Регистрирани 14 пожари на отворен простор — активен само

04/08/2026
Македонија

44 акциски контроли за санкционирање на незаконит риболов во јуни

04/08/2026
Македонија

Водата во Гостивар сѐ уште е само за техничка употреба:

04/08/2026
Македонија

Велес се прости од д-р Никола Стојановски: Со државни почести

04/08/2026
Македонија

Доенчиња помлади од шест месеци не треба да се мачкаат

04/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44854
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Уапсена снаа од Кавадарци, и се заканувала на свекрвата!

04/08/2026

На 03.08.2026 во 22:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишиja од слобода Д.П.(41) од Кавадарци, постапувајќи по претходна

Сосед истепал сосетка во скопски Петровец

04/08/2026

На 04.08.2026 во 07:10 часот во СВР Скопје, К.К.(60) пријави дека била физички нападната од нејзиниот сосед Б.Ј.(64), двајцата од

Временска прогноза за следните 14 дена: Не очекува топол бран со температури до 38 степени

04/08/2026

Во текот на следните две недели не очекува стабилно, сончево и исклучително топло време, со високи дневни и тропски ноќни

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy