Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Франција испраќа носач на хеликоптери да им помогне на болниците во Газа
Македонија

Франција испраќа носач на хеликоптери да им помогне на болниците во Газа

29/10/2023

AA

Францускиот јуришен брод „Тонер“ се упати кон источниот Медитеран за да им помогне на болниците во Газа, кои се обидуваат да се справат со голем број жртви од израелските воздушни напади, додека горивото и медицинските резерви се при крај, објави Ројтерс.

Претседателот Емануел Макрон рече дека го испраќа носачот на хеликоптери да им помогне на жителите на Газа да добијат пристап до лекови и медицинска нега.

Израел го бомбардира Појасот Газа откако Хамас ги нападна израелските населби на 7 октомври, при што загинаа околу 1.400 луѓе. Министерството за здравство на Газа соопшти дека повеќе од 7.000 Палестинци се убиени во воздушните напади, а илјадници се повредени.

Француското Министерство за одбрана денеска соопшти дека 199-метарскиот воен брод бил испратен да пружи хуманитарна помош, но не е јасно дали тој требало да достави медицинска опрема и материјали во Газа или да обезбеди медицинска помош на ранетите Палестинци на бродот.

„Условите [за обезбедување хуманитарна поддршка] сè уште не се воспоставени. Идејата е прво да се стигне до областа, а потоа да се обезбеди што е можно поголема помош“, рече портпаролот на одбранбените сили.

Покрај тоа што може да носи воени хеликоптери, тенкови и амфибиски возила, Тонер може да служи и како пловечка болница со десетици кревети, рендген апарат и два хируршки одделенија, се наведува на веб-страницата на француското Министерство за одбрана.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

5 лица во бегство по аферата во ФФМ, тројца завршија

19/06/2026
Македонија

Десет пријави за семејно насилство за едно деноноќие, шест лица

19/06/2026
Македонија

HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов

19/06/2026
Македонија

Македонец се заразил со зика вирус на Малдиви

19/06/2026
Македонија

ВИДЕО Пожар на дива депонија во Долно Лисиче, пожарникарите на

19/06/2026
Македонија

Обвинителството бара 30 дена притвор за осомничениот за пожарот пред

19/06/2026
Македонија

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба против две службенички

19/06/2026
Македонија

ОЈО поднесе обвинение против серискиот убиец од Старо Нагоричане

19/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43835
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy