Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФОТО Трагедија: Ловец паднал во бездна длабока 150 метри кај Кавадарци, пожарникари со алпинистичка опрема го извлекоа телото!
Македонија

ФОТО Трагедија: Ловец паднал во бездна длабока 150 метри кај Кавадарци, пожарникари со алпинистичка опрема го извлекоа телото!

27/12/2025

AA

Тешка несреќа при лов заврши фатално за жител на Кавадарци, кој го загубил животот откако паднал во бездна длабока 150 метри.

По неколкучасовна екстремно тешка акција, припадниците на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Кавадарци успеаја да го извлечат телото на починатиот.

По добиената пријава за несреќата, на терен излегле петмина пожарникари обучени за работа на височини, придружувани од четворица полициски службеници и членови на семејството на настраданиот.

Според информациите од ТППЕ Кавадарци, теренот бил речиси непрооден, што наложило користење на професионална алпинистичка опрема. Спасувачите морале меѓусебно да се врзуваат и осигуруваат за да се движат по тесните и лизгави карпи на стрмната локација.

„По целодневен напор на сите присутни, телото е успешно извлечено од длабоката бездна и предадено на органите на безбедноста. Интервениравме во екстремно тешки услови за да се спречат дополнителни незгоди,“ изјавија од единицата.

Од противпожарната служба упатија длабоко сочувство до семејството на загинатиот сограѓанин, нагласувајќи ја својата подготвеност да одговорат на секој повик за помош, без разлика на условите.

Надлежните органи извршија увид на местото на настанот за да се утврдат точните причини кои довеле до падот на ловецот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy