Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГАШИ САКА ДА ЈА СМЕНИ ПРАКТИКАТА ЗА НОСЕЊЕ ЗАКОНИ ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА Во јануари Собранието ќе донесе календар за работа
Македонија

ГАШИ САКА ДА ЈА СМЕНИ ПРАКТИКАТА ЗА НОСЕЊЕ ЗАКОНИ ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА Во јануари Собранието ќе донесе календар за работа

27/12/2025

AA

Собранието треба на некој начин да биде предводник на ова премостување на вредносниот систем. Треба да направиме и вредносна транзиција во општеството. Да почнеме да зборуваме за добрите работи, за почитта, за љубовта, за позитивните работи во државата, за помош, солидарност, за емпатијата, за етиката, за моралот, нашите семејни вредности, вели во интервју за МИА, претседателот на собранието Африм Гаши.

Тој се залага, собранието да не носи закони по скратена постапкa, бидејќи, како што вели, тоа ја намалува можноста јавноста и експертите да дадат свое мислење.

Според него, едно од решенијата за намалување на бројот на закони по скратена постапка е донесување календар за работа на Собранието со кој ќе се утврдат датумите на пленарните седници. Тоа, вели тој, ќе ѝ помогне на владата да планира кога ќе ги испраќа законите до Собранието.

Календарот е планирано да се донесе во јануари.

-Ќе предложиме на координација календар на активности и на пленарни седници по кои ќе комуницираме со Владата, и тие ќе знаат точно кои месеци, кои денови точно ние планираме пленарни седници. Кога сакаат да им се донесе закон, ќе знаат точно кога да го пратат. И ќе треба сензибилизација. Јас мислам дека не е работата само до Владата. Имаме, за жал, неквалитетна или недобра култура во однос на меѓуинституционалната работа и  Собрание. За 34, 35 години така се научени побрзо да ги завршат работите. Мислат дека Собранието треба да биде гласачка машинерија за носење на закони. Тој пристап мора да се смени вели Гаши.

Законите, додава тој, треба да се донесат во редовна постапка, затоа што така ќе има можност и за поголема промоција и вклученост на експертската јавност.

За Гаши, не е важно дали тој ќе го заврши мандатот во собранието или ќе биде заменет.

–  Секој ден го работам како да е последниот ден како претседател на Собрание. Мене ми е многу битно секој ден да го работам чесно, да дадам сè од себе и да имам мирна и чиста совест кога ќе заспијам таа ноќ. Утредента што ќе се случи, за работи кои не зависат од мене, а знаете, политиката во сржта нејзина се состои од компромиси. Може сè да се случи, и додека зборуваме ние може да има промени. Така што, не се оптоварувам со тој дел, не е битно јас кај ќе бидам. Битно ми е додека јас сум на таа функција, во таа улога, да дадам сè од себе таа функција да биде издигната, надоградена, достоинствена и секој нареден кој ќе дојде после мене, да му биде полесно, да имаме подобра институција која ќе биде во служба на граѓаните – вели Гаши.

Во пораката што ја упатува до пратениците и до граѓаните во пресрет на новата година, Гаши посочува оти очекува да се зголеми политичката култура и взаемната почит. Да почнеме, потенцира тој, да размислуваме за најбитните човечки особини за коишто сме учеле уште од детството, како што се почитта, респектот, толеранцијата, љубовта која треба да ја покажеме кон нашите колеги и другите луѓе со кои работиме заедно. Тие треба да преовладуваат.

-Премногу негативна енергија имаме, контаминирано општество создаваме. И Собранието треба на некој начин да биде предводник на ова премостување на вредносниот систем. Треба да направиме и вредносна транзиција во општеството. Да почнеме да зборуваме за добрите работи, за почита, за љубовта, за позитивните работи во државата, за помош, солидарност, за емпатијата, за етиката, за моралот, нашите семејни вредности – вели  Гаши.

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК

20/09/2026
Македонија

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер

20/09/2026
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
Македонија

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина

20/09/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА ЗА ФОТЕЛЈИ Димитриевски даде отчет

20/09/2026
Македонија

СУДАР КАЈ „ТУЛАНАТА“ НА ПАТОТ БИТОЛА-ПРИЛЕП ОДНЕСЕ ЖИВОТ НА ТИНЕЈЏЕРКА

20/09/2026
Македонија

САКАЛ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД МАКЕДОНИЈА КАКО „ИТАЛИЈАНЕЦ“ Со себе имал

20/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ НА БЈБ ЧЕШЛА КРАЈ СТРУГА Во Радожда контролирале

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45694
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК ДОЖД До среда ќе дува

20/09/2026

Времето в понеделник, 20 септември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер го пренел по пријава од

20/09/2026

Граѓани околу 14.30 часот пријавиле дека на Шар Планина забележале лице кое не покажувало знаци на живот, по што била

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да ги испита фотките и изјавата

20/09/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков најави дека денеска ќе поднесе кривична пријава против Јон Фрчкоски од СДСМ и непознати лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy