Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФОТО Пајаци креваат непрописно паркирани возила по серијата наши текстови
Македонија

ФОТО Пајаци креваат непрописно паркирани возила по серијата наши текстови

29/05/2025

AA

По серијата текстови на 4NEWS за узурпацијата на јавниот простор пред Музејот на Град Скопје, каде со месеци службени и приватни возила беа непрописно паркирани на место наменето за туристички автобуси, денеска конечно се појави реакција од надлежните – „пајаци“ почнаа да ги подигнуваат возилата.

Нашиот фоторепортер забележа како се подигнуваат неколку возила кои со недели беа дел од хаосот на оваа локација. Иако ова е позитивен чекор, на терен ситуацијата сè уште не е целосно решена. Дел од возилата повторно се паркирани, а сообраќајниот знак за забрана на сопирање и запирање – кој до неодамна стоеше на тоа место – е сè уште турнат и оставен на страна.

Интересен детал денеска е и тоа што пред Музејот не беа паркирани службените возила поврзани со Министерството за енергетика бидејќи министерката за енергетика е на службено патување, па најверојатно токму поради тоа недостасуваа и возилата кои редовно беа забележувани на оваа локација.

Граѓаните ни испраќаат нови фотографии и информации, револтирани што на локација каде буквално пред очи на полицијата се врши секојдневно прекршување на сообраќајните правила, потребна беше јавна реакција за да се преземе било каква мерка.

4NEWS ќе продолжи да го следи развојот на овој случај и да известува за тоа дали институциите ќе покажат доследност или ова ќе биде само еднократна акција за „смирување на топката“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Во пожар изгореа четири пчеларници во прилепско, пчеларите бараат помош

22/08/2026
Македонија

Карпош со засилени мерки против комарците поради Западнонилската треска

22/08/2026
Македонија

Плоштад „Македонија“ добива нов изглед: Се уредува запуштената зелена површина

22/08/2026
Македонија

Најмалку 20 пожари беснеат низ земјава, критично кај Струмица

22/08/2026
Македонија

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, бројот на починати

22/08/2026
Македонија

Нов правилник за игрите на среќа: Ќе се проверуваат репутацијата

22/08/2026
Македонија

17 пожари на отворен простор регистрирани до 13 часот, 11

22/08/2026
Македонија

Над 260 прекршоци во една вечер во Скопје, санкционирани 102

22/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45186
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Во пожар изгореа четири пчеларници во прилепско, пчеларите бараат помош за колегите

22/08/2026

Голема штета е предизвикана врз пчеларници во прилепскиот регион, каде во пожар целосно изгореле четири поголеми пчеларници, како и неколку

Карпош со засилени мерки против комарците поради Западнонилската треска

22/08/2026

Општина Карпош ги засилува превентивните активности за намалување на ризикот од ширење на вирусот на Западнонилската треска, во услови на

Плоштад „Македонија“ добива нов изглед: Се уредува запуштената зелена површина

22/08/2026

Запуштената зелена површина на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје се уредува и наскоро треба да добие нов изглед, информира

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy