
ФОТО: Лајк од Агелер за војничкото гравче во Криволак
Американската амбасадорка Анџела Агелер денеска седна на војничкото гравче во центарот за воена обука „Криволак“. Таа заедно со припадниците на македонската армија и гостите од САД седна на заеднички ручек по големата воена вежба. Инаку, војничкиот грав е традиционално јадење кое се подготвува во многу балкански земји, особено во Македонија.
