
ФОТО Историски ден! Соборна литургија во Прилеп со МПЦ-ОА, Грчката и Бугарската православна црква
Историски ден за Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
Денеска се одржува соборна Литургија со сестринските православни цркви во Прилеп.
Чиноначалствува Високопреосветениот митрополит преспанско-пелагониски г.Петар, во сослужение на митрополитот Игнатиј од Грчката Православна Црква, и митрополитот на Стара Загора г.Кипријан, од Бугарската Православна Црква.

