Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Израелски министер вели чудовиштата во Газа треба да најдат решение за себе и предложи да се фрли нуклеарна бомба, сега е суспендиран!
Македонија

Израелски министер вели чудовиштата во Газа треба да најдат решение за себе и предложи да се фрли нуклеарна бомба, сега е суспендиран!

05/11/2023

AA

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху го суспендира министерот за наследство Амихаи Елијаху од владините состаноци на неодредено време, соопшти Владата.

Елијаху од ултрадесничарската партија Еврејска сила во интервју за јавниот сервис Кан изјави дека една од опциите во војната во Појасот Газа е да се фрли нуклеарна бомба на енклавата.

Елијаху потоа на платформата Икс објави дека неговата изјава за нуклеарната бомба била метафорична, додавајќи дека одговорот на тероризмот мора да биде силен и несразмерен.

Нетанјаху истакна дека изјавата на министерот Елијаху „нема врска со реалноста“.

– Израел и ИДФ дејствуваат во согласност со највисоките стандарди на меѓународното право за да спречат штета на луѓето кои не се вклучени, и ние ќе продолжиме да го правиме тоа сè до победата, наведе Нетанјаху.

Елијаху, министерот задолжен за наследство, не е дел од безбедносниот кабинет, кој носи одлуки во војната, што почна на 7 октомври, ниту има влијание врз воениот кабинет кој го насочува конфликтот против исламскиот екстремистички Хамас.

Тој во интервјуто изјави и дека е против достава на хуманитарна помош во Појасот Газа.

– Нема да им дадеме хуманитарна помош на нацистите, посочи Елијаху.

Тој ја поддржува повторната окупација на Појасот Газа, од каде што израелската армија се повлече во 2005 година, и обновувањето на тамошните еврејски населби.

– Тие можат да одат во Ирска или во пустините, чудовиштата во Газа треба да најдат решение за себе, наведе Елијаху, додавајќи дека северниот дел на Газа нема право да постои и дека секој што вее знаме на Хамас не треба да живее.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy