Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЌЕ ИМА ЛИ НОВ ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАНИ ЛЕТОВИ? Капацитетите на домашните аеродроми се уште не се искористени
Економија

ЌЕ ИМА ЛИ НОВ ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАНИ ЛЕТОВИ? Капацитетите на домашните аеродроми се уште не се искористени

05/11/2023

AA

По пауза од една година во април повторно стартуваше владината финансиска поддршка за нови летови, кога беа склучени договори со германска „Луфтханза“ за авиолинијата Скопје – Франкфурт и со „Визер“ за четири линии од Скопје до Луксембург, Штутгард, Салцбург и до Љубљана. 

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски тогаш кажа дека се воведени нови дестинации за кои имало голем интерес од граѓаните, но оти има дополнителни средства да се објави нов повик кон крајот на годината.

– Несомнено авиосообраќајот во земјава има континуирана нагорна линија и тоа ни дава дополнителен стимул да размислуваме дека капацитетите на домашните аеродроми се уште не се искористени и врз основа на тоа очекуваме дека и во следниот период ќе има потреба од нови јавни повици се со цел да  понудиме што поголем број дестинации, изјавија од ресорното Министерство. 

Не можат да кажат колку би изнесувала финансиската поддршка во случај да има нов повик, но критериумите би останале како тие од претходниот повик, кои, како што потенцираат, биле усогласени со правилата на Европската унија. 

– Врз основа на договорите Луфтханза се согласи да лета од Скопскиот аеродром без надомест, а за субвенциите за Виз Ер се очекуваат првите фактури за да се утврди колкава ќе биде исплатата. Според Договорот, државата има обврска да исплаќа субвенции од седум евра по патник во заминување – информираат од Министерството за транспорт.

Нивните анализи покажуваат дека авиосообраќајот во земјава се уште има можност за континуиран  раст.

– Тоа го покажуваат 2,6 милиони превезени патници до средината на октомври годинава, ни преостануваат уште два месеца до крај годината и очекуваме годинава да имаме рекорден број на превезени патници. Тоа е уште еден показател дека авиосообраќајот се уште има простор за развивање постојано и преку преговорите со државните органи има интерес од странски авиокомпании да влезат на македонскиот пазар.  Исто така и ТАВ на комерцијална основа преговара со останати компании да влезат на македонскиот пазар – информираат од ресорното Министерство. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy