Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФОТО Еден загинат по сообраќајка на автопат Скопје-Градско, од ударот преминал на спротивната насока, моторот на стотици метри…
Македонија

ФОТО Еден загинат по сообраќајка на автопат Скопје-Градско, од ударот преминал на спротивната насока, моторот на стотици метри…

13/02/2024

AA

Кавадарчанец со автомобилот  излетал од пат и од здобиените повреди починал. Сообраќајката се случила вчера на пладне, кај мотел Македонија, на автопатот Скопје – Градско.

„Вчера 12 февруари  во 11.15 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот „Пријателство” , во правец од Велес кон Градско во близина на исклучокот за село Караслари, велешко, патничко возило ,,фолксваген голф” со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.И.(44 год) од Кавадарци, удрило во заштитна ограда од коловозот“ – соопшти Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.

Прва на  местото на настанот дошла екипа на Итаната помош од Велес.

„Во 11.05 добивме повик за повредено лцие на автопат. Кога стигнавме на лице место повредениот имаше обилно крвавење од глава. Му дадовме неопходна помош и го префрливме на  хируршки амбуланти при Општа Болница Велес“ – кажа . д-р Ќани Амзил од Итаната помош.

„Во 11,30 донесено е повредено лице, пристапено е на санирање на повредите и крвавењето и поради тежината на повредите е пренесено итно на Клинички во Скопје“ – изјави Марина Андова портпарол на Општа Болница Велес.

Иако возачот со автомобилот возел во правец на автопатот  Скопје – Неготино, по ударот во заштитна ограда и карамболот, тој се извртел во спротивен правец. Моторот бил излетан од автомобилот десетина метри подалеку.

„Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот и пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде била констатирана смрт“ – додаде  Ѓаковска.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Извор и фото: Ти реков ми рече

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СДСМ НАПРАВИ ИСТОРИСКА КАПИТУЛАЦИЈА ПРЕД БУГАРИЈА Многу политички елити мандатите

24/04/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ДА НЕ ПАНИЧИ, ПРЕД СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ ЌЕ ИМА ТЕХНИЧКА

24/04/2026
Македонија

Дисциплинска комисија на ФФМ: Башкими суспендиран четири меча поради инцидентот

23/04/2026
Македонија

30 дневен притвор за Муамед Сејдини

23/04/2026
Македонија

СУДОТ ОДОБРИ ПРИТВОР ЗА ПОРАНЕШНИОТ ДИРЕКТОР НА ФФМ Самоволно уплатил

23/04/2026
Македонија

Мицкоски потврди: Арбен Фетаи заминува во Брисел, реконструкцијата на Владата

23/04/2026
Македонија

Рускоска за 4ТВ: Враќање на името е невозможна мисија

23/04/2026
Македонија

УАПСЕНИ ПЕТМИНА ДЕРМАТОЛОЗИ ОД ДРЖАВНИТЕ КЛИНИКИ И ОД ПРИВАТНА ОРДИНАЦИЈА

23/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42837
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СДСМ НАПРАВИ ИСТОРИСКА КАПИТУЛАЦИЈА ПРЕД БУГАРИЈА Многу политички елити мандатите ги завршија со неуспех и

24/04/2026

Ние нудиме креативни решенија континуирано овие две години откако сме Влада за блокираните евроинтеграции, вели премиерот Христијан Мицкоски. Тој посочи

ФИЛИПЧЕ ДА НЕ ПАНИЧИ, ПРЕД СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ ЌЕ ИМА ТЕХНИЧКА ВЛАДА Мицкоски ги расчисти сите

24/04/2026

Техничката влада останува и на следните избори, а се укинува за изборите после нив, па оттука стравот на опозицијата и

Дисциплинска комисија на ФФМ: Башкими суспендиран четири меча поради инцидентот со Струга ТЛ

23/04/2026

Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлука ФК Башкими 1947 Куманово да се казни со забрана за играње на домашен терен

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy