Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 (ФОТО) Дизајнерката Маја Кикириткова Трајковски со уникатна колекција „Партизанка“ го одбележува своето 15-годишно творештво
Магазин

(ФОТО) Дизајнерката Маја Кикириткова Трајковски со уникатна колекција „Партизанка“ го одбележува своето 15-годишно творештво

02/04/2023

AA

Дизајнерката Маја Кикириткова Трајковски годинава одбележува 15 години постоење од нејзиното творештво. По овој повод Кикириткова Трајковски дизајнираше нова колекција на облека насловена „Партизанка“, со која реши да испрати моќна порака до јавноста.

Фотосесијата ја реализираше со уште две познати инфлуенсерки, Александра Шијакоска и Миа Костова. Модната дизајнерка откри дека сите три биле жртви на сајбер булинг.

„Приказната е оваа, борба против говор на омраза, борба против сајбер булинг. И не случајно сме трите овде, не случајно токму ние сакаме да ја пренесеме пораката. Пораката може да ја пренесе тој што ја доживеал, а сите три сме биле жртви на сајбер булинг. До кога ќе бидеме неми и глуви на темава?! До кога сѐ ќе криеме длабоко во нас, не оставајќи простор јавно да говориме?! До кога оваа тема ќе биде табу тема?! До кога ќе нѐ интересира што ќе каже другиот?! До кога ова нема да биде казниво со закон?! Можам вака до бесконечност со прашањата “ДО КОГА?!” И ДА, да покренеме заедничка петиција, сите заеднички да се бориме ова да биде казниво со закон“, порача Кикириткова Трајковски со новата колекција насловена „Партизанка“.

„Колекцијата која не случајно е насловена „Партизанка“, бидејќи инспирација е партизанката како жена која се борела за поинакви права. Жена која не била потчинета, жена која облекува панталони и оди во борба. Јака жена, хероина, која знае да крене глас и со пушка во раце да оди во борба. Со оваа кампања, сакаме да пренесеме една многу битна порака! Годинава е 15 години постоење од моето творештво, па јубилејот го одбележувам со прогрес и промени за кои не треба да се бориме само ние три, за кои треба да се бориме сите заедно“, додаде модната дизајнерка.

Маја Кикириткова Трајковски е 36-годишна вљубеничка во модата со потекло од Штип, но сега живее во Скопје. Таа е сопруга и мајка на две дечиња. По професија е моден дизајнер, основач на брендот „Елеазар“, а од неодамна и „Совршен пар“, персонализирани меки кукли-животни, облечени во исто дизајнерско парче облека како и детето, а исто така и професор на ААБ Универзитетот во Приштина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
Македонија

Четворица приведени во Шуто Оризари: Насилно ѝ дале марихуана на

15/08/2026
Македонија

Во понеделник почесна стрелба за Денот на Армијата

15/08/2026
Македонија

Ренџерите на Пелистер и СВР Битола лоцираа и приведоа вооружени

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45036
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026

Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број се искачи на 34, соопштија од Центарот за

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал на медицинарите

15/08/2026

Педесет и петгодишен жител на селото Уларци, општина Чешиново-Облешево, е пријавен во полиција откако, според пријавеното, злоупотребил повик до Итната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy