Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФОТО 20 годишник од Мала Речица се заканувал со масовно убиство инспириран од настан во САД – ФБИ барале итно откривање на „Discord“ профил
Македонија

ФОТО 20 годишник од Мала Речица се заканувал со масовно убиство инспириран од настан во САД – ФБИ барале итно откривање на „Discord“ профил

20/02/2026

AA

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против дваесет годишен жител на Мала Речица за сторено кривично дело Тероризам.

Осомничениот на крајот на месец јануари годинава преку социјалната апликација „Discord“ испратил сериозна закана дека е подготвен да изврши напад со огнено оружје – автоматска пушка АК-47 позната како Калашников, притоа појаснувајќи дека истиот е со нарушено психичко здравје. Инспирација за ваков напад, му бил настан од 14.12.2012 година во САД кога Adam Lanza – 20 годишно момче, во Училиште во САД со автоматка пушка убило 26 лица од кои 20 деца.

По добиени информации од Амбасадата на САД во Скопје дека од страна на ФБИ е поднесено барање за итно откривање на „Discord“ профил што се наоѓа во нашата земја, а од каде што се упатени сериозните закани, МВР во координација со ОЈО ГОКК презедоа дејствија за откривање на сторителот. По идентификација и лоцирање на корисничката адреса на 17.2.2026 година под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и асистенција на САЕ Тигар извршија претрес на дом и други простории во Мала Речица.

При претресот кај осомничениот се пронајдени и одземени секира, пет ножа со различна должина, телескоп, седум Iphone мобилни телефони и компјутер. Исто така, од таткото на осомничениот е одземен пиштол за кој поседува дозвола и повеќе парчиња муниција.

Останатото пронајдено оружје – пиштол и автоматска пушка, дедото на осомничениот ги поседувал без дозвола и за него е поднесена кривична пријава до ОЈО Тетово за кривично дело Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје достави предлог за определување на мерка притвор против осомничениот.

Предлогот е прифатен и со Решение мерката е определена во траење од 30 дена.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Три активни пожари во Македонија, вкупно регистрирани 12

25/07/2026
Македонија

СПАСУВАЧКА АКЦИЈА ВО ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО: Општината згрижи млади штркови по невремето,

25/07/2026
Македонија

ПО НЕЗАПАМЕТЕНОТО НЕВРЕМЕ: Штетите во Штип и Пробиштип се бројат

25/07/2026
Македонија

Клековски на увид во Лешок: Проблемот со водатата трае речиси

25/07/2026
Македонија

САБОТАЖА НА ЖЕЛЕЗНИЦАТА: Украдени бакарни делови, штетата е огромна –

25/07/2026
Македонија

ПОГЛЕД КОН МЕСЕЧИНАТА: Вечерва јавно астрономско набљудување на плоштадот „Македонија“

25/07/2026
Македонија

МИНИСТЕРОТ КЛЕКОВСКИ НА ТЕРЕН: Епидемијата во Гостивар се смирува, во

25/07/2026
Македонија

Вработен во Центарот за вработување во Прилеп осомничен за примање

25/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44656
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Три активни пожари во Македонија, вкупно регистрирани 12

25/07/2026

На ден 25.07.2026 година, до 18:00 часот, на територијата на државата се регистрирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од

СПАСУВАЧКА АКЦИЈА ВО ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО: Општината згрижи млади штркови по невремето, се планира изградба на посебен

25/07/2026

По силното невреме што неодамна ја зафати Општина Чешиново-Облешево, локалната самоуправа презеде итна акција за спасување на симболот на овој

ПО НЕЗАПАМЕТЕНОТО НЕВРЕМЕ: Штетите во Штип и Пробиштип се бројат во милиони денари, над 100

25/07/2026

Силното невреме проследено со пороен дожд и оркански ветар со брзина од 134 километри на час остави зад себе сериозни

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy