Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Фискален совет предлага покачување на старосната граница за пензија на 67 години
Економија

Фискален совет предлага покачување на старосната граница за пензија на 67 години

02/12/2024

AA

Фискалниот совет, државна институција чиј основач е Собранието, по однос на Фискалната стратегија (2025-2029) до законодавниот дом достави мислење со кое бара во 2026 година да се зголеми старосната граница за одење во пензија. За стратегијата што ја усвои владејачкото мнозинство стои препорака, старосната граница за остварување на право за пензија на мажи и жени да се помести на 67 години. 

Засега единствено на ова реагира Левица,од каде велат дека доколку власта посегне по ваква пензиска политика, неминовно од македонските работници ќе создаде слуги и го повикуваат Фискалниот совет да го преиспита своето мислење.

„Левица, остро и недвосмислено се спротивставува на мислењето на Фискалниот совет во врска со Фискалната стратегија (2025-2029). Македонија е социјална држава и нема да дозволиме ниту една институција или пак Владата предводена од ДПМНЕ или било која друга, од македонскиот работник да создаде робови на нивните капитали. Дрскоста на партиските паразити ухлебени во државните институции нема да го спречи народниот револт да ги исфрли од истите“,реагира Левица.

Академик Абдулменаф Беџети, професорката од Економски факултет Мирјана Трпеска, како и долгогодишниот банкар и професор Глигор Бишев, сечленови на Фискалниот совет кој мониторира како власта го крои буџетот и менаџира со јавниот долг на државата, и укажува дали тоа е добро или лошо за фискалната одржливост на државата.

Ова тело одамна беше заговарано, најмногу од странскиот фактор, а беше формирано лани со цел да биде еден вид контролен механизам на секоја една власт против високи буџетски дефицити и нивоа на јавен долг.

Членовите на Фискалниот совет, како што и беше предвидено, ги предложија три институции, и тоа Македонската академија на науките и уметностите, потоа Државниот завод за ревизија, како и Народната банка на Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФИЛИПЧЕ Е ФРАКЦИЈА ВО СДСМ И МОРА ДА ЈА ОСЛОБОДИ

26/09/2026
Македонија

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА

26/09/2026
Македонија

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ

26/09/2026
Македонија

РУБИН ЗЕМОН СЀ УШТЕ СЕДИ ВО ПРВ РЕД ВО СДСМ

26/09/2026
Македонија

ИСТРАГА ЗА ИНСПЕКТОРКАТА ЗА ХРАНА ШТО БАРАЛА МИТО Се бара

26/09/2026
Македонија

РОДИТЕЛ НАТЕПАЛ ДРУГАР НА СИНОТ Тинејџерот со повреди бил примен

26/09/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ГРАДИ ЕКСПРЕСЕН ПАТ ОД РАДОВИШ ДО НОВО СЕЛО

26/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ СЕ СРЕТНА СО ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ Се

26/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45821
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФИЛИПЧЕ Е ФРАКЦИЈА ВО СДСМ И МОРА ДА ЈА ОСЛОБОДИ ЗАРОБЕНАТА ПАРТИЈА Ивановски му порача

26/09/2026

Венко Филипче и кликата околу него, која што е политичко бизнис профитерска се фракцијата во СДСМ. Членството во огромно мнозинство,

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА Претходно објавил видео на социјалните

26/09/2026

Тетовец осомничен за силување дете сам се пријавил во полиција синоќа откако претходно објавил видео на социјалните мрежи, соопшти полицијата.

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ СЕ ПРИКЛУЧИ ВО ЕУ Европратеникот

26/09/2026

Мислам дека напредокот ви е потребен вам, на вашата земја, за да се движите понатаму и да се развиете во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy