
Финска: Американски фотограф „соблече“ 1.000 луѓе за неговиот нов проект
Речиси илјада… голи луѓе се собраа во текот на ноќта на улиците и плажите на Куопио, во централна Финска , за да учествуваат во новиот проект на познатиот американски фотограф Спенсер Туник.
„Денес земјата на илјада езера се претвори во земја на илјада голи“, вели самиот Туник, кој е познат по тоа што собира огромни толпи и ги фотографира голи.
Учесниците, водени од звучници, позираа на улиците расфрлани со цвеќиња, а потоа на плажата и езерото.
„Сакав да ги поставам (голите) тела во Куопио и езерата во северна Финска“, рекол фотографот, изразувајќи благодарност до волонтерите кои не се двоумеле да се соблечат во текот на ноќта. Многу ретко на јавноста и се дава можност да учествува во креативниот процес“, коментира уметникот.
🇫🇮🔞 INSOLITE | Un millier de personnes ont posé nu en #Finlande pour un projet de l’artiste Spencer Tunick.
👉 L’objectif était de mettre les corps en phase avec la ville et les lacs du nord du pays. pic.twitter.com/l9Sjk8qnax
— Cerfia (@CerfiaFR) July 15, 2023
Минатиот ноември речиси 2.500 луѓе се собраа, голи, на познатата плажа во Сиднеј, како дел од уште еден проект на уметникот кој сакаше да ја подигне јавната свест за ракот на кожата. Настанот, насловен како „Лента за рак на кожата“, беше организиран во партнерство со здружение кое ги повикува Австралијците редовно да посетуваат дерматолог.
Finlande: un millier de personnes posent nues pour le photographe américain Spencer Tunickhttps://t.co/3ff8kT0NL1 pic.twitter.com/OIzWWmpvI6
— BFMTV (@BFMTV) July 15, 2023
Спенсер Туник е познат по своите разголени фотосесии ширум светот. Тој успеа да „соблече“ 5.000 луѓе пред операта во Сиднеј во 2010 година и 18.000 (неговиот рекорд до денес) на Зокало, централниот плоштад на Мексико Сити, во 2007 година.