Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФИНАНСИСКИ КРАХ: Се затвора најголемиот рудник за цинк во Европа
Економија

ФИНАНСИСКИ КРАХ: Се затвора најголемиот рудник за цинк во Европа

15/06/2023

AA

Шведската рударска компанија Болиден најави дека ќе го прекине производството во рудникот за цинк во Ирска.

На тоа се одлучиле поради финансиски проблеми кои предизвикале пад на цената на тој метал и високи трошоци, пренесува seebiz.

Во вторникот, шведската рударска компанија објави прекин на работата во рудникот Тара, без да прецизира кога би можело да продолжи екстракцијата на цинк.

Активно работиме на продолжување на работниот век на рудникот, а истовремено ја одржуваме неговата конкурентност“, додаваат оттаму.

„Притокот на готовина во моментов е негативен поради комбинација на фактори, вклучувајќи деловни предизвици, пад на цените на цинкот, високите цени на енергијата и општиот раст на трошоците“, рече Болиден.

Ќе го прекинеме производството и привремено ќе отпуштаме работници додека не се подобрат условите за работа, додаваат тие.

Генералниот директор на рудникот Болиден Тара Гунар Нистром рече дека компанијата е свесна за влијанието на одлуката врз вработените во областа Наван.

„Во долгорочен интерес на рудникот Болиден Тара, донесовме одлука за привремено прекинување на работата (…) За жал, тоа ќе значи дека до 650 работници ќе бидат привремено отпуштени“, рече тој.

„Ние сме целосно свесни за тешкотиите и промените што ќе ги донесе одлуката за нашите работници, но и за пошироката заедница во Наван, каде што рудникот работи од 1977 година“, додаде тој.

„Не ја донесовме одлуката лесно, туку едноставно мораме да го запреме моментално неодржливиот тренд на одлив на готовина за да ја заштитиме долгорочната иднина на рудникот. Не сме сигурни колку долго ќе трае овој период, но веруваме дека состојбата е привремена и постојано ќе ја следиме“, рече шефот на рудникот.

Рудникот Тара има околу 650 вработени и е најголемиот рудник за цинк во Европа и осми во светот. Таа произведува 200.000 тони концентрат на цинк и 40.000 тони концентрат на олово.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година

22/10/2026
Македонија

ПРЕКУ БРВЕНИЦА АХМЕТИ СЕ ОБИДУВА ДА СЕ ВРАТИ НА ПОЛИТИЧКАТА

21/10/2026
Македонија

ПРЕКУ БРВЕНИЦА АХМЕТИ СЕ ОБИДУВА ДА СЕ ВРАТИ НА ПОЛИТИЧКАТА

21/10/2026
Македонија

ОТФРЕНА ИНИЦИЈАТИВАТА НА СДСМ ЗА ПОЛИТИКИТЕ КОН НЕЛЕГАЛНАТА МИГРАЦИЈА Уставниот

21/10/2026
Македонија

ЗАВРШИ СОСЛУШУВАЊЕТО НА ВЕШТАКОТ ЗА „ПУЛС“ Одбраната се повикува на

21/10/2026
Македонија

СВЕДОК ТВРДИ ДЕКА УПРАВНИОТ ОДБОР НЕ ДОНЕЛ ОДЛУКА ЗА НАБАВКА

21/10/2026
Македонија

КРАЈ НА НЕОПРАВДАНОТО ШИРЕЊЕ НА ДРЖАВНИОТ АПАРАТ Нацрт закон носи

21/10/2026
Македонија

ПОТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТО ЛИЦЕ ВО ВАРДАР Спасувачки тимови го пребаруваат

21/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46304
  • Регион 3997
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година

22/10/2026

Корисниците од Македонија во текот на 2025 година потрошиле околу 1,4 милиони евра на популарната интернет-платформа OnlyFans, покажуваат податоците од

ПРЕКУ БРВЕНИЦА АХМЕТИ СЕ ОБИДУВА ДА СЕ ВРАТИ НА ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА Не го интересираат интересите

21/10/2026

Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата ,,Само вистина” на Канал 5 телевизија се осврна на темата за изборите во

ПРЕКУ БРВЕНИЦА АХМЕТИ СЕ ОБИДУВА ДА СЕ ВРАТИ НА ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА Не го интереисраат граѓаните

21/10/2026

Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата ,,Само вистина” на Канал 5 телевизија се осврна на темата за изборите во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy