Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филипче во Брисел: Европските социјалдемократи да помогнат за проширувањето на ЕУ
Македонија

Филипче во Брисел: Европските социјалдемократи да помогнат за проширувањето на ЕУ

08/04/2025

AA

Процесот на проширување на Европската Унија не е само механичко прилагодување на законите или административно исполнување на критериумите за пристапување, туку и процес од геополитичко значење. Ова го истакна претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во своето обраќање на конференцијата „Започнување на Програмата на С&Д „Вили Брант“ за проширување на ЕУ“, која се одржа во Брисел.

Филипче, во својот говор, нагласи дека во период на динамични геополитички промени, повеќе од било кога е потребна социјалдемократијата како идеологија која нуди приоритет на трансатлантската солидарност, социјалната еднаквост и демографскиот интегритет.

„Никаде оваа визија не е повитална како на Балканот и во Северна Македонија, која претставува раскрсница на европските аспирации и современата геополитичка ранливост. Затоа, потребна е сеопфатна социјалдемократска агенда за процесот на проширување. Процесот на проширување не е само механичко прилагодување на законите или административно исполнување на критериумите за пристапување, тој е прашање на надворешно политичко и геополитичко значење“, рече Филипче.

Во својот говор, Филипче нагласи дека е неопходно ПЕС и групата СД во Европскиот парламент да преземат активна улога во процесот на проширување на Европската Унија. Според Филипче, социјалдемократските партии треба да предложат целосна и амбициозна агенда која ќе го забрза процесот на интеграција, обезбедувајќи демократска стабилност и напредок во регионот.Тој подвлече дека сеашниот застој за проширување не е само техничко или административно прашање, туку има многу пошироки и опасни последици по демократскиот развој на земјите кандидатки.

„Застојот само ги зајакнува авторитарните тенденции и ги зајакнува десничарските и екстремно десничарските политички сили во нивните земји, што оди на штета на демократскиот развој на овие земји. Сега е вистинско време социјалдемократите да го засилат процесот на проширување, во кој предолго беа заложници. Ако Европа и социјалдемократите не го пополнат постоечкиот вакум, тогаш тоа ќе го сторат антидемократските и антиевропските сили“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, додавајќи дека социјалдемократските партии треба активно да ја поддржат и убрзаат агендата за проширување на ЕУ, како и да се залагаат за политики кои ќе го зајакнат демократскиот развој во регионот.

Говорејќи за евроинтеграцискиот процес во Северна Македонија, Филипче истакна дека Владата не е подготвена да го продолжи процесот, што сериозно ја загрозува иднината на државата.

„Се соочуваме со Влада во Северна Македонија која не е подготвена да продолжи со уставните измени, неопходни за започнување на преговарачките поглавја со ЕУ. Македонската влада е пример за немање стратегија, особено во однос на прогресијата на евроинтеграциите. Северна Македонија е во бизарна ситуација на таканаречено самонаметнато вето, бидејќи Владата одбива да ги спроведе потребните уставни измени за да продолжи со пристапниот процес“, изјави Филипче.

Конференцијата „Започнување на Програмата на С&Д ,,Вили Брант” за проширување на ЕУ“, во Брисел, се одржа во организација на прогресивната Алијанса на социјалисти и демократи во Европскиот Парламент.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„ФИЛИПЧЕ Е СЛОБОДЕН, СЕГА И БЕСИМИ И ЕТЕМИ“ Петрушевски жестоко

31/10/2026
Македонија

БРВЕНИЦА ВО НЕДЕЛА ГО ИЗБИРА НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК Денеска гласаат болните

31/10/2026
Македонија

ВИКЕНДОТ ЌЕ ПОМИНЕ ВО ЗНАКОТ НА ДОЖДОТ Најобилни врнежи се

30/10/2026
Македонија

БРВЕНИЦА ДА БИДЕ ОПШТИНА ЗА СИТЕ, ПОРАЧА РАДИЧЕВСКИ Водоснабдувањето, патиштата

30/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ ОД БРВЕНИЦА ПОВИКА ДА СЕ ЗАОКРУЖИ БРОЈОТ 1 На

30/10/2026
Македонија

УКИНАТИ ПРЕСУДИТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЈ ЗАГИНАА 14 ПАЦИЕНТИ Повторно

30/10/2026
Македонија

УАПСЕН ТУРЧИН БАРАН ЗА УБИСТВО ВО МАКЕДОНИЈА Полицијата го фати

30/10/2026
Македонија

📷 ЈАНЕВСКА ПОКАЖА КАКО ЖИВЕЕЛЕ СТУДЕНТИТЕ ВО ВРЕМЕ НА СДСМ,

30/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46469
  • Регион 3999
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„ФИЛИПЧЕ Е СЛОБОДЕН, СЕГА И БЕСИМИ И ЕТЕМИ“ Петрушевски жестоко реагираше по одлуката за Модуларната

31/10/2026

Заменик-генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Бране Петрушевски денеска остро реагираше на одлуката на Врховниот суд со која беа укинати

БРВЕНИЦА ВО НЕДЕЛА ГО ИЗБИРА НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК Денеска гласаат болните и изнемоштените, почна и изборниот

31/10/2026

Вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница ќе се одржи утре, 1 ноември, а денеска во населените

ВИКЕНДОТ ЌЕ ПОМИНЕ ВО ЗНАКОТ НА ДОЖДОТ Најобилни врнежи се очекуваат во недела и во

30/10/2026

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд нè очекува во следните денови. Дождот ќе биде поизразен попладне и во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy